Гостивар
Собир по повод Денот на независноста во Гостивар: Сложно, заеднички да ја градиме и доградуваме Македонија!
Во пресрет на утрешниот државен празник, Денот на независноста на Република Македонија, утрово во Гостивар се одржа пригоден собир со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци во градскиот парк. Одбележувањето традиционално го организира Општинскиот одбор на Сојузот на борци во присуство на свои членови, граѓани и претставници на политички партии.
„Наша обврска, задача, императив, е сложно, заеднички преку нашето единство да ја градиме и доградуваме државата и општеството во целина, а со тоа да го исполниме аманетот на нашите предци кои покажаа и на дело докажаа како се сака, брани и гради сопствената татковина. Имаме висока развиена свест, потребно е само сите сили да се обединат и заеднички да ја внесеме во Европската Унија. Достојно гордо да зачекориме во европското семејство во кое Македонија ќе има поизвесна иднина. Ги повикувам сите на кои човековото достоинство им е најсветлата вредност да продолжат да ги чуваат, негуваат и развиваат слободарските традиции во современото живеење“, истакна во поздравниот говор претседателот на боречката организација, Радислав Гиноски.
Преку краток реферат, професорот по историја Горан Павлоски потсети на историските моменти врзани со празникот 8 Септември.
„На првите повеќепартиски избори кои се реализира есента 1990 годна, беа избрани 120 пратеници кои влегоа во македонскиот парламент. На 25 јануари 1991 година Парламентот ја усвои Делкарацијата за независност На Република Македонија, по што следуваше распишување на референдум. Токму на 8-ми сепметври 1991 г. Беше спроведен референдумот за самостојна и суверена Република Македонија, на кој од вкупно излезените гласачи дури 95% се изјаснија за самостојна и суверена држава. Врз основа на резултатите од референдумот македонскиот парламент го започна процесот на осамостојување. На 17-ти ноември беше донесен првиот устав, а на 19-ти декември во парламентот беше усвоена декларацијата за меѓународно признавање на Република Македонија како самостојна и независна држава.“, подвлече меѓу другото Павлоски.
Чествувањето продолжи со положување букети цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ во градскиот парк. Цвеќе положија делегации на Одборот на борци, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на општинската организација на СДСМ од Гостивар.
Одбележувањето на 8 Септември во Гостивар се заокружи со едноминутно молчење во знак на почит кон сите што ги дале своите животи за слободата.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба