Гостивар
Собир во чест на мавровецот г.г. Доситеј II – возобновената камбана на црквата Св.Никола Летен биеше за јубилејот

Маврово денес чествуваше 115 години од раѓањето на првиот Архиепископ на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Доситеј II.
Јубилејот беше одбележан со собир пред (потопената црква) „Св. Никола Летен“ во Маврово, каде се одржа богослужба и со биење на воозобновената камбана од потопената црква се означи годишнината. На настанот беа откриени и информативни табли во селото Маврово во чест на г.г Доситеј, кај црквата „Св. Никола Летен“, кај црквата „Св Јован Крстител“ и во близината местото каде се наоѓала родната куќа на г.г Доситеј.
За потсетување на ликот и делото на г.г Доситеј пред присутните се обрати Душко Шарески кој се осврна на мал дел од неговиот живот:
„Огромна чест за целиот мавровски крај е што ваков великан потекнува токму од нашето Маврово. Неговиот придонес е од огромно значење за македонскиот народ, православието и државата. Во негово време од темел е возобновена Црквата, со епархиите, епископатот, свештенството, црковните општини во татковината и во дијаспората, црквите и манастирите, образованието и просветата. Во 1967 била отворена Богословијата, а во 1977 година Богословскиот факултет во Скопје. Денес одбележуваме 115 години од раѓањето на мавровецот Димитрија Стојковски – г.г Доситеј, кој ни остави голем аманет, се надеваме и помладите генерации ќе продолжат со оваа традиција која сите не прави горди. Дедо Доситеј целиот свој живот го посветил на црквата и православието и низ целиот свој животен век говорел дека книгата е негова вековита работа, затоа на информативните табли на кои уште е прикажан и неговиот живот: Св. Пателејмон – с.Ниќифорово, Св. Богородица – Сандакаш с.Леуново, Св. Ѓорѓија – с.Кнежино, Св.Богородица Пречиста – Кичево, е удостоен во книга.“
г.г. Доситеј е роден во Маврово на 7 декември 1906 година, тој е возобновител и прв архиепископ Oхридски и Mакедонски на МПЦ – Охридска Архиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј II, кој бил последен Архиепископ на укинатата Охридска Архиепископија во 1767 година. Се упокојува на 20 мај 1981 година во Скопје.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава