Поврзи се со нас

Гостивар

Собир во Маврово во спомен на загинатите во снежната трагедија од 1956 година

Објавено

на

Пред споменикот на градителите во Маврово утрово се одбележаа 67 години од февруарската трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи. Настанот традиционално го организираше ХЕС „Маврово“, со цел да се оддаде почит на загинатите.

„Ви благодарам на сите што издвоивте време и простор да дојдеме денес и да ја одбележиме годишнината. Посебно значајно, особено за нас вработените во ХЕС Маврово е да се собереме за да одадеме почит на загинатите градители. Во сабота се навршија 67 години од февруарската трагедија, кога од снежните лавини што го зафатија мавровскиот регион загинаа 52 градители на системот, граничари и мештани. Во знак на сеќавање на трагедијата што ги потресе жителите на целата тогашна Југославија, бидејќи градители имаше од сите делови на земјата, подигнат е овој споменик и традиционално се одржува Мавровскиот Меморијал. Со ова одбележување, сакаме да им дадеме до знаење на сите наши вработени и на помладите генерации, дека луѓето што загинаа во оваа трагедија вечно не‘ задолжија, положувајќи ги своите животи“, рече Ѓорѓи Божиновски, директор на ХЕС „Маврово“.

Со едноминутно молчење присутните оддадоа почит кон оние кои ги загубиле своите животи во трагедијата во периодот на изградбата на хидроенергетскиот систем.

Букети цвеќе на споменикот, положија делегации на ХЕС „Маврово“, Националниот парк Маврово, Општина Маврово и Ростуше, Здружението на акцијаши од Гостивар и Здружението на планинари „Бистра“.

Февруарската снежна трагедија е една од најголемите предизвикани од временска непогода на нашето подрачје. Се случила во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир. Од стотина луѓе, колку што биле затрупани со лавините, спасувачките екипи успеале да извлечат половина до нив.

Споменикот на градителите е подигнат во 1970 година, а ја симболизира нивната храброст и пожртвуваност. Изминатиот период ХЕС Маврово изврши одредени интервенции за обнова и санација на плочите на спомен обележјето на кои се испишани имињата на жртвите во трагедијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 2 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 5 дена

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Популарно изминативе 100 дена