Поврзи се со нас

Вести

Собир во спомен на загинатите градители на ХЕЦ „Маврово“

Објавено

на

Во спомен на мавровската снежна трагедија од 1956 година, утрово се одржа комеморативен собир пред споменикот на градителите во близина на браната, во село Маврови Анови. Одбележувањето традиционално го организира ХЕЦ „Маврово“.  Вработени во претпријатието и годинава се собраа и со положување на цвеќе и едноминутно молчење им одадоа почит на оние кои ги загубија животите во снежните лавини, што го зафатија мавровскиот крај пред 61 година.

„Ноќта помеѓу 10-ти и 11-ти февруари, 1956 година, во снежните лавини животот го загубија 52 градители на мавровскиот хидроенергетски систем од кои 38 работници и 14 граничари од  нашата држава. Денес сме тука да им оддадеме почит. Од изградбата па до денес, Мавровскиот хидроенергетски систем, континуирано се надградува и обновува и со производството на електрична енергија значително допринесува во снабдувањето со електрична енергија на сите граѓани на нашата земја“, рече во пригодниот реферат директорот на ХЕЦ Маврово, Александар Левкоски.

Февруарската снежна трагедија е една од најголемите предизвикани од временска непогода на нашето подрачје. Се случила во околината на селата Рибница, Торбешки мост и Стрезимир. Од стотина луѓе, колку што биле затрупани со лавините, спасувачките екипи успеале да извлечат половина до нив.

Во чест на загинатите градители, секоја година се организира и меѓународен натпревар во нордиско скијање-Мавровски меморијал.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена