Гостивар
Собрани околу 1,2 милиони денари донации за семејствата на настраданите кај Ласкарци

Во период од околу два месеци, колку што беше активна посебната донаторска сметка за помош на семејствата на настраданите и повредените во автобуската несреќа кај Ласкарци, собрани се околу 1,2 милиони денари. Толкав е износот којшто го донирале фирми и поединци на донаторската сметка, која ја отвори Општина Гостивар со одлука на општинскиот Совет.
На последната седница на Советот, пред два дена се изгласа одлука сметката да се затвори и собраните средства да се распределат на семејствата на загинатите и на повредените патници во автобусот.
Кобната несреќа на 13 февруари однесе шеснаесет човечки животи, а со повреди завршија над 35 патници.
Советот во февруари усвои и одлука за доделување помош од општинскиот буџет, по 30.000 денари за семејствата на настраданите и по 15.000 за повредените патници.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите