Поврзи се со нас

Македонија

Собранието ја почна 81-та седница, веднаш дадена едночасовна пауза

Објавено

на

Само што почна 81-вата седница, на која треба да се разгледа Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската унија на 30 јуни 2022 година, Собранието е на едночасовна пауза по барање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа во процедурално барање истакна дека е исклучок да се прекинува пленарната седница за претресот на ребалансот, која вообичаен се одржува пет работни дена непрекинато, заради некоја друга седница, за која кажа дека треба да се донесе одлука што не е во надлежност на Собранието.

-Ова е многу редок исклучок кога овие пет работни дена се прекинуваат за седница која нема апсолутно врска со одлука на Собранието. Вообичаен заклучоци се разгледуваат на комисија, па дури потоа доаѓаат на пленарна седница. Тоа е вообичаена пракса, а ова го правите само за да избегнете широка јавност и транспарентност на овој подмолен процес. Сакам да ви порачам дека ниту еден документ кој вие би го потпишале, изгласале, протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и најбитниот печат, а тоа е печатот и дозволата на македонскиот народ, рече Стојановска и го искина документот за кој рече дека е лажен и не е документ по кој денеска ќе расправа Собранието.

Поради тие причини, нагласи, ќе побарам пауза која можеби ќе ве предомисли и ќе одлучите да го вратите овој, како што рече „ништовен, понижувачки и подмолен документ во Владата зашто се работи на меѓувладина конференција“.

-Не треба Владата тука да го подметнува и вие како современи македонски администратори да давате изим на ваков криминал и на вакво предавство, им порача Стојановска на пратениците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери оцени дека ова е најдемократската можност што може да се случи во законодавниот дом и додаде дека пратеничката бара пауза по погрешен член од Деловникот, но сепак даде едночасовна пауза по која треба да продолжи разгледувањето на единствената точка на дневен ред.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена