Македонија
Собранието во среда одлучува за законските измени-Ќе останат ли в.д градоначалниците во Гостивар, Сарај и Аеродром до догодина или ќе има вонредни избори?

Предлог измените на Законот за локална самоуправа, кои беа доставени до Собранието пред неколку дена по скратена постапка, а негови предлагачи се координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, Никола Мицевски, Халил Снопче и Горан Карапејовски, овозможуваат актуелните в.д. градоначалници на Гостивар, Сарај и Аеродром да го истераат мандатот до редовните локални избори во октомври 2025 година.
Измените на Законот за локална самоуправа се ставени како точка на дневен ред за седницата закажана в среда, на 11 септември.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес конференција во однос на тоа дали е обезбедено двотретинско и бадентерово мнозинство, рече дека очекува поддршка од сите партии, затоа што, како што посочи, овој закон е рационален и ги намалува трошоците.
„Очекуваме да се изгласа потребата од носењето на овој закон, а веднаш потоа согласно Деловникот да се запазат сите процедури. Очекуваме поддршка од сите политички партии затоа што цениме дека овој закон е рационален и ги намалува трошоците на граѓаните и државата, изјави Митева“, одговарајќи на новинарски прашања.
Доколку предлог законот не помине, тогаш според актуелното законско решение во Сарај, Аеродром и во Гостивар до крајот на годината ќе треба да се одржат вонредни избори за избор на градоначалници.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог