Поврзи се со нас

Вести

Социјалните мрежи собираат лични податоци за корисниците и ги споделуваат со трети лица

Објавено

на

    Социјалните мрежи и видеоплатформите собираат огромни количини лични податоци на корисниците и ги споделуваат со широк опсег на трети лица, потврдува нов извештај на американската Федерална комисија за трговија (ФТЦ).

    Извештајот, објавен вчера, ги разгледува практиките за собирање податоци на девет компании: „Фејсбук“, „Ватсап“, „Јутјуб“, „Дискорд“, „Редит“, „Х / Твитер“, „Амазон“, „Снеп“ и „Тикток“, меѓу јануари 2019 и 31 декември 2020 година. Наодите на ФТЦ ги потврдуваат долгогодишните сомнежи и наводи за „длабочината и широчината“ на практиките на „надзор на корисниците од голем обем“, пишува „Гардијан“.

    ФТЦ му препорачува на Конгресот на САД да усвои федерални прописи за приватност врз основа на она што е документирано. Конкретно, агенцијата ги повикува законодавците да признаат дека деловните модели на многу од овие компании не прават доволно за да поттикнат делотворна саморегулација или да ги заштитат податоците на корисниците.

    • Препознавањето на овој основен факт е важно и за спроведувачите и за креаторите на политиките, бидејќи секој напор да се ограничи или регулира тоа како овие компании собираат големи количини лични информации за луѓето ќе се коси со нивните деловни стимулации. Со цел да се создадат ефективни правила или решенија коишто го ограничуваат собирањето податоци, креаторите на политики ќе треба да се погрижат кршењето на законот да не е попрофитабилно од неговото почитување, рече претседателката на ФТЦ, Лина Кан.

    Се препорачува, исто така, компаниите спомнати во извештајот да инвестираат во „ограничување на задржувањето и споделувањето податоци, ограничување на насоченото рекламирање и зајакнување на заштитата за тинејџерите“.

    Овие компании собираат и демографски информации за корисниците: возраст, пол, јазик, но и податоци за приходите на домаќинствата, образованието, родителскиот и брачниот статус итн.

    Во некои случаи, овие податоци се споделени со трети лица за што попрецизно насочени реклами и огласи.

    Според ФТЦ, речиси сите компании соопштиле дека испраќаат лични податоци до автоматизирани системи, најчесто за опслужување на содржини и реклами. Од друга страна, скоро ниту една од нив „не понудила сеопфатно директно контролирање или откажување од користењето на податоците на корисниците со какви било алгоритми, аналитика на податоци или вештачка интелигенција“, се вели во извештајот.

    Од компаниите велат дека е дури и невозможно да се состави комплетна листа со кого сѐ тие ги споделуваат туѓите лични податоци.

    Сѐ на сѐ, ФТЦ ги нарекува овие практики – „ужасно несоодветни“, откривајќи дека некои компании не успеале да ги избришат информациите кога корисниците тоа го побарале. Дури и оние компании коишто навистина бришеле податоци – избришале само некои податоци, но не сите, се вели во извештајот.

    • Тоа е најосновниот услов, рече Марио Трухиљо, адвокат. – Фактот што некои не го сториле тоа, дури и во услови на државни закони за приватност што го налагаат тоа, докажува дека е потребно посилна свест, особено кај самите потрошувачи.

    Натаму, според наводите, ниту една компанија не пријавила практики за споделување податоци собрани за и од лица на 13 до 17 години, преку нејзините страници и апликации, поинаку од собирањето податоци за возрасните, иако податоците за малолетниците се почувствителни. Тоа секако значи уште помала заштитеност на малолетните корисници.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 24 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена