Поврзи се со нас

Гостивар

Социјално Гостивар: Барателите на помош да достават податок за трансакциска сметка!

Објавено

на

Граѓаните кои поднеле барања за помош како материјално необезбедени во услови на коронакриза, да достават податоци за своите трансакциски сметки, повикаа денес од Центарот за социјална работа во Гостивар.

Службите објаснија дека претходно овие податоци не биле определени како задолжителни во документацијата, па речиси никој од барателите не ги доставил. Сега, согласно новите насоките од Министерството за труд и социјала, неопходно е тоа да се направи, за да може да се комплетираат апликациите.

За овој вид на помош, до сега во гостиварскиот Центар се пријавиле околу 500 лица.

„Сите кои поднеле барање во изминатиот период, мора да достават и податоци за трансакциските сметки. Нема краен рок, до кога може тоа да го направат, но апелираме да ги достават во пократко време, за да може и исплатата да се реализира побрзо.“, рече Себајдин Изаири, од Центарот за социјална работа во Гостивар.

За добивање на минимална гарантирана помош, материјалната необезбеденост на семејствата ќе се утврдува врз основа на вкупните просечни приходи на сите членови на домаќинството по сите основи, сметано од последниот месец.

Помошта ќе се движи од 4 до 10.000 денари, зависно од бројот на членови во семејството.

Корисниците на ова право, ќе остварат и паричен додаток од 1.000 денари за дел од трошоците за електрична енергија за месеците април и мај.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена