Поврзи се со нас

Македонија

Сојуз на синдикати: Сериозно сме загрижени од обидот на Владата да ги манипулира најниско платените работници

Објавено

на

Сојузот на синдикатиите на Македонија бара Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник  во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари.

ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“.

Од Синдикатот во соопштението истакнуваат дека „се сериозно загрижени и изненадени од обидот на Владата преку Министерството за труд и социјална политика да ги манипулира најниско платените работници, тие кои всушност очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска, социјална и европски ориентирана“.

-Во Службен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Северна Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739,00 денари. Оваа објава е спротивно на измената на член 4 од Законот за минимална плата направена со Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со исплата на платата за месец март тековната година. На овој начин државата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници и граѓани што е преседан во однесувањето на демократските системи и влади, наведуваат од ССМ во соопштение.

Но, дополнуваат, „благодарение на будноста на ССМ сметаме дека неправдата ќе биде исправена,  укажуваме на потребата од корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална политика објавена во Службен весник и нејзино усогласување со законските измени“.

-ССМ секогаш будно ќе следи и ќе биде коректор на лошите владини политики што прават штета на работниците, стои во соопштението.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 4 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 1 недела

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 2 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Гостиварпред 4 недели

Гостивар: Со картица од бившата вадел пари од банкомат

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена