Поврзи се со нас

Македонија

Сојузот на дијабетичари поднесе претставка до МЗ: Немаме глукомери и ленти 8 месеци, повредени ни се загарантираните права

Објавено

на

Сојузот на дијабетичари денес (29 август) поднесе претставка до Министерството за здравство преку која изразува незадоволство поради немањето глукомери и ленти за пациентите со дијабет и бара редовна и целосна неопходна анти-дијабетна терапија и медицински помагала.

За претставката Сојузот ги информираше и претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

Претставката која е објавена на „Инсулинска порта“ во продолжение ја пренесуваме во целост:

„Граѓаните на Република Северна Македонија – пациенти со дијагноза ДИЈАБЕТЕС тип1 и тип2 веќе подолг период се соочуваат со проблем на немање на глукомери и ленти за континуирано следење на гликемиските вредности во крвта кои се неопходни во третманот и менаџирањето на дијабетесот. Ингеренциите за нивна континуирана набавка и достапност до пациентите преку инсулинските аптеки се исклучиво на РСМ – Министерство за здравство, а на пациентите здравствената заштита им е загарантирана пред се со Член 39 од Уставот на Република Северна Македонија со кој на секој граѓанин му се гарантира право на здравствена заштита, Член 5 е и начелата кои следуваат и член 16 со кој на сите граѓани на Република Северна Македонија им се обезбедува остварување на со овoј Закон загарантираните права, утврдени потреби и интереси од Законот за здравствена заштита.

Пациентите и покрај тоа што им се загарантирани и утврдени правата веќе 8 месеци во 2023 година, не добиваат глукомери и ленти кои во минатото редовно беа обезбедени од страна на РСМ – Министерство за здравство како ресорно министерство во тендерска постапка во двегодишна програма. Имено претходниот тендер беше со завршување на 31.12. 2022 година и по Правилникот по кој се распишува и спроведува следниот требало да биде распишан два месеци порано односно во Ноември 2022 година со што би се обезбедил неопходниот континуитет. Тендерот (Јавниот повик за набавка на нови ленти и глукомери) не е распишан се до доаѓањето на новиот Министер, односно во месец април со задоцнување од неколку месеци.

Доцнењето на набавката на пациентите пред се им ги повредува правата на редовна здравствена заштита, ги доведува до дестабилизација на здравствената состојба предизвикана од немање на ленти за самоконтрола на гликемијата, несигурност и загриженост, често одење до инсулинските аптеки со надеж да ги добијат лентите кои за дијабетичарите тип1 5000 пациенти од кои преку 600 деца и тип2 40 000 пациенти во Република Северна Македонија, се неопходни за добра гликорегулација која е услов и обезбедува заштита од несакани компликации кои се неминовни доколку гликемијата не се држи под контрола. Пациентите во изминатиот период без оглед на нивната финансиска состојба се принудени лентите да си ги набавуваат сами во аптеките и тоа нив ги оптоварува со големи суми на финансиски средства. Имено секој пациент тип1 во изминатите 8 месеци од инсулинските аптеки требаше да подигне по 20 кутии (на секои 2 месеци по 5 кутии по 50 ленти) и секој пациент со тип 2 по 4 кутии (на секои 2 месеци по 1 кутија ). Со ова пациентите се оштетни со 270 000 кутии по 50 ленти или вкупно 13.500.000 ленти, а вредноста на една кутија во слободна продажба во аптека е од 650 до 820 денари за глукомерите кои сеуште ги користиме од претходната тендерска набавка.

Незадоволни од целото функционирање, организација и одговорност во работењето, обврската за редовно обезбедување на неопходното за нормален живот на лицата со дијабетес во изминатиот период од страна на Министерството за здравство

Б   А   Р   А   М   Е

Министерството за здравство редовно да постапува согласно Член 22 став 1 алинеја 1 и 8 од Законот за организација и работа на органите на државна управа;

Лицата со дијабетес редовно целосно да ја добиваат неопходната анти-дијабетна терапија и медицинските помагала;

Лентите кои на секој пациент му следуваат обезбедени преку тендерска постапка која е во завршна фаза, а е со важност од 01.01.2023 до 31.12.2024 година, а е со задоцнување веќе од 8 месеци, да ги добие во целост односно на секој пациент со тип1 заклучно со 31.12.2024 година да му бидат издадени 60 кутии по 50 ленти во кутија и на тип2 по 12 кутии по 50 ленти во кутија поделени на 2-месечни интервали со издавање преку инсулинските аптеки.

Се надеваме на разбирање, соработка и ветувањето на Министерот за здравство Г-дин Фатмир Меџити во однос на унапредувањето на правата на лицата со дијабет во однос на обезбедување на услови за квалитетен живот и редовна достапност на се што е неопходно за НАС дијабетичарите.“

 

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 7 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 9 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 11 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 12 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 13 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 14 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 15 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 16 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена