Поврзи се со нас

Македонија

Сојузот на синдикати ги потсетува работодавците да исплатат регрес за годишен одмор

Објавено

на

Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавците – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, очекувано е работодавците целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле, информира ССМ.

– Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплаќа во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец, се вели во соопштението.

Од Сојузот на синдикати потсетуваат дека основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци.

– Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавец може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата, велат од ССМ.

Сојузот на синдикати апелира до работодавците во јавниот и приватен сектор каде што ова работничко право е уредено со колективен договор да го исполнат во најскоро време, имајќи предвид дека нема никакви законски ограничувања и истото претставува уредено право согласно со Закон и Колективен договор и претставува редовна исплата.

– На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција преку новата мобилна апликација ССМ – мои работнички права за да можеме да интервенираме до Државниот инспекторат за труд, или пак да започнат судска постапка за заштита на своите права, додаваат од ССМ.

Потсетуваат дека за неодговорните работодавци кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до една година.

Оваа законска обврска, од ССМ велат дека дополнително придонесува за заштита и остварување на ова уставно и законско право на работниците според Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, а за минатата година веќе се поднесени неколку кривични пријави од страна на ССМ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 минути

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 21 минута

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 23 минути

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 25 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 27 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 29 минути

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 32 минути

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Податоци од ДИК за одѕивот на гласачи до 17 часот во Гостивар и Врапчиште

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена