Македонија
Сојузот на синдикати остро реагира на изјавите на Ковачевски и Мицкоски

– Владата на која и се случува генерален штрајк во јавниот сектор кој се уште трае онаму каде што истата не ги зголемила платите, сега планира да штеди и да им ги намали платите на работниците, во услови на 18,7 проценти инфлација и до 100 проценти зголемени цени на основните прехранбени производи и на тој начин дополнително да ги осиромаши своите граѓани и работниците за дополнителни 10 проценти, се наведува во соопштението на ССМ.
Според Синдикатот, владејачката партија СДСМ, односно Владата, не ги зголемила платите на работниците, а опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ги зголемила на локално ниво, нешто што го сториле и други „совесни градоначалници и други политички партии онаму каде што имаат функционери“.
– Од друга страна, опозицијата настапува бетер од Владата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како една од главните мерки за надминување на енергетската криза предлага да се укине недела неработен ден и работниците да работеле во недела оти имало вишоци на струја, а работодавачите да бирале сами друг ден во неделата за неделен одмор, се потенцира во соопштението.
Според ССМ, недозволиво е главните начини за излез од било која криза да бидат на грбот на работниците. „Ковачевски и Мицкоски веројатно сметаат дека работниците им се само гласачка машинерија и дека работниците не се свесни за нивните работнички права и не се свесни за нивната моќ.“, нагласува ССМ.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?