Македонија
Сојузот на средношколци го поздравува предлогот за финансиска поддршка на сите средношколци

Сојузот на средношколци во духот на солидарноста со нашите партнери од Универзитетското студентско собрание при УКИМ и сите останати студентски собранија, изразува јавна поддршка на студентските собранија и им честита на вчерашната победа, соопшти средношколската организација.
Сојузот апелира да се размислува за изнаоѓање системско решение за субвенционираниот студентски оброк, „налик на моделот применуван во европските земји, конкретно Словенија“ и смета дека покрај финансискиската, „важна улога мора да имаат и нутритивната и економската димензија“.
-Понатаму, скорешните настани ја покажуваат важноста на вклучувањето на засегнатите страни во процесите на одлучување а приори, т.е. уште кога ќе се работи на првиот нацрт. Државните институции мора да размислуваат стратешки, а не да чекаат да се создаде револт којшто ќе ги коригира нивните грешки. Воедно Сојузот на средношколци ја користи оваа прилика да ја поздрави предлог-мерката за дополнување на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, која предвидува месечна финансиска поддршка од 3.000 денари за сите средношколци. Оваа предлог-мерка на прес-конференција ја образложи пратеникот и претседател на собраниската комисијата за финансии и буџет, Бојан Стојаноски. Оваа приоритетна мерка е голем чекор во зголемување на средношколскиот стандард, а ќе им помогне на средношколците во ова време на криза, соопшти Сојузот на средношколци и ги повика сите пратеници во најкус можен рок да ја поддржат мерката.
Апелира и дека средношколците мора да бидат вклучени во дизајнирањето на политиките што ги засегаат и дека, како и досега, Сојузот ќе продолжи да се залага и да предлага мерки кои ќе ги штитат средношколците и ќе го застапуваат нивниот интерес.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 1 недела
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение