Гостивар
Сокачето кај старо Кино во Гостивар да стане уличка на кафетерии и дуќани, без автомобили
Уличката кај старото Кино, во самиот центар на градот, дискретна и мала, а многу позната по некогашното кино, најверојатно повторно ќе го врати епитетот мирно катче за шетање, средби со пријатели и релаксирање.
Општина Гостивар во плановите има зацртано оваа улица да биде забранета за сообраќај, исполнета со дуќани и кафетерии кои ќе пулсираат во духот на Гостивар.
„Оваа година планираме да ја уредиме уличката кај старото Кино, да биде уличка која потсетува на старите времиња, по која нема да се движат автомобили. Да биде улица на кафетерии, дуќани, уредена со специјални камења, убави светла, места за седење и слично. Сетоа тоа е во склоп на она што ќе продолжи да се реализира во 2023-та година, односно уредување на плоштадот, со што центарот на Гостивар ќе добие сосема нов изглед“, вели градоначалникот Арбен Таравари.
Киното е еден сегмент на социјалниот и културен живот од гостиварското минато. Гостивар имал и традиција на корзо, коешто се протегало од плоштадот до Саат кулата, рута по која гостиварци се шетале со „фишек“ сончоглед или семки.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник