Поврзи се со нас

Рецепти

Солена торта со пиво и крекери – мезе за мерак

Објавено

на

На летните горештини, секако дека годи чаша ладно пиво. Се знае дека пивото се користи при подготовка на некои врсти на јадења со месо, но исто така може да се додава и во други специјалитети. Ние ви предлагаме да ја пробате солената торта со пиво и крекери, која одлично оди како мезе…со чашка пиво, се разбира.

Состојки за тесто:

200 мл.пиво

200 мл. кисела вода

16 лажици брашно

8 лажици ајвар

прашок за пециво

Сол

За фил:

2 варени компири

6 кисели краставички

200 мл. мајонез

200 гр. сирење

100 гр. крекери

 

Подготовка на тесто: Најпрво убаво се мешаат пивото и киселата вода, а потоа им се додаваат сите други состојки за тестото и повторно се мешаат. Кога ќе се изедначи смесата се става да се пече во плех обложен со хартија за печење, на 200 степени околу 20 минути.

Подготовка на фил: краставичките ситно се сецкаат, компирите се гмечат, сирењето се ренда и сите состојки убаво се мешаат, по што им се додава мајонезот.

Постапка за редење на тортата:Испеченото тесто се остава да се излади, а потоа се сече на половина. Врз првата половина најпрво се премачкува фил, а потоа се редат крекерите. Врз крекерите се мачка втор слој фил и врз него се става втората половина од тестото. Вака подготвената солена торта се остава неколку часа во фрижидер да се стегне. Потоа, може да ја декорирате по желба, со рендан кашкавал, маслинки, зелена салата, мајонез, павлака…

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена