Поврзи се со нас

Македонија

СОНК и МТСП се договорија, нема да се кратат платите за вработените во градинките кои штрајкуваа

Објавено

на

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на колективниот договор со кој се регулира исплатата на плати и придонеси на плати за време на штрајк, по што тие ќе бидат испратени во Службен весник. Покрај потпишувањето на измените и дополнувањата, МТСП и СОНК договориле до крајот на мај да биде донесен и новиот колективен договор.

–  Пред некој ден на состанокот со претставниците на МОН беше донесено решение со кое што се согласија и двете страни да платите во дејноста – детските градинки и во образованието се зголеми за 15 проценти. Значи, сите делови коишто беа дел од одлуката за штрајк се реализирани и последното е отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот колективен договор. Веднаш по 24 мај, по празникот започнуваме со работните групи коишто се веќе дефинирани и формирани од двете страни. До крајот на месец мај ќе го донесеме новиот колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените, односно на носителите на дејноста во детските градинки, рече министерката за труд и социјална политика Јованча Тренчевска по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Тој на прес-конференцијата посочи дека со ова практично и е заокружен процесот на преговори во однос на барањата на СОНК кон МТСП.

-Она што беше како спорно исплатата на дневници на вработените во детските градинки кои штрајкуваат денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените, затоа што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред на нив да им се скрати од платата. МТСП, пред се министерката, имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека во целост овој процес на штрајк и преговори со МТСП конечно е затворен, рече Неделков.

Тренчевска појасни дека овие измени и и дополнувања на Колективниот договор се испратени во „Службен весник“, и оти се очекува денеска или утре да бидат објавени.

Затоа е изменет и дополнет Колективниот договор и тука е регулиран начинот на исплата на платите за време на штрајк и придонесите од плати и согласно овие измени ќе бидат исплатени платите за месец април 2022 година, истакна Тренчевска.

Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На Синдикатот му беше понудено зголемување на платите од 10 и 12 проценти, но ваквите предлози беа одбиени од страна на членството.

На 26 април штрајкот во градинките беше ставен во мирување со образложение дека тоа е направено во интерес на родителите и стопанството кое трпи поради неможноста кој да ги згрижи децата од предшколска возраст. На 28 април, штрајкот беше ставен во мирување откако Синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со посредство на медијатор.

По назначувањето на медијаторот од страна на Министерството за труд и социјална политика почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена, неделава заврши со усогласување на ставовите на двете страни.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

АНКЕТА

Дали службите за зимско одржување добро ја вршат својата работа на локалните патишта во Гостивар?
Гостиварпред 4 недели

Дедо Мразовци на мотори ги израдуваа децата во Гостивар на хуманитарната забава на When in Trouble

Што, како, каде?!пред 1 недела

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Терористичката ќелија ја создал и координирал 21 годишен гостиварец, планирале напади врз цивилни цели и јавни објекти

Гостиварпред 3 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 3 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Македонијапред 3 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 3 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

Јаневска: Крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години

Гостиварпред 1 недела

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 2 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 5 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 10 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 12 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 1 година

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 1 година

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Следете нѐ

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена