Поврзи се со нас

Македонија

СОНК: Штрајкот почнува утре и ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни

Објавено

на

Штрајкот на СОНК почнува утре, ќе се одвива во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки, во основните и средните училишта, како и во ученички и студентски домови и високообразовни институции кои по пат на солидарност ќе се приклучат на штрајкот. Штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работните задачи на работното место и ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни.

Како што информира претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков  на денешната прес-конференција,  оние што солидарно ќе се приклучат на штрајкот веќе имаат потпишано барање за пристапување кон штрајкот за што се известени и соодветните работодавачи.

-За жал, до денес немаме позитивни резултати во однос на нашите барања. Со оглед на тоа што одлуката за штрајк е донесена со огромен број на мнозинство на наши членови неминовно е штрајкот да започне во текот на утрешниот ден како што е и најавено. Штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работните задачи на работното место, односно штрајкувачите  ќе бидат сместени во простории кои заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно – образовни и згрижувачки дејности. Апелирам до Владата што побрзо да не повика на разговори и што побрзо да најдеме взаемно прифатливо решение и да почне редовната настава. Во спротивно целата одговорност зошто учениците немаат основно загарантирано право на образование ќе падне на ресорните министерства и на Владата, рече Неделков.

Тој нагласи дека СОНК нема да ги затвори училиштата и градинките, но нема да изведува воспитно – образовна и згрижувачка дејност и ќе биде во штрајк, а одговорноста за обезбедување минимум услови за функционирање на установите, како и за прифаќање на децата, како што кажа, ќе имаат директорите.

-Никој нема право да ги присилува штрајкувачите да прифаќаат,  да згрижуваат и да воспитуваат деца. Покрај тоа, времено ќе бидат одложени и евентуалните наставнички совети, родителски средби, полагање на стручни испити, домашни, регионални, градски и државни натпревари на ученици и се што е поврзано со воспитание и згрижување на деца. Немаме никаква одговорноста ако децата дојдат на училиште или во градинка врз основа на згрижување, воспитание, образование и храна. Ние ќе бидеме во посебни простории. За таа намена можат да се употребат вработени кои евентуално нема да штрајкуваат по разни основи, појасни Неделков.

Информира дека во последниот период зачестиле притисоците, најмногу врз вработените во детските градинки, кои, како што посочи, по разни основи се приморуваат  утре сите да бидат на своите работни места и да функционираат и работат како да нема штрајк.

-Одлуката на Советот на СОНК за штрајк е донесена едногласно врз основа на претходно известување на членовите на синдикалните организации и таа е извршна. Без разлика дали некој поединечно гласал за или против поддршка на штрајкот секој мора да штрајкува. Секој обид за оневозможување на штрајкот е сериозен прекршок кој е казнив по домашните закони, рече Неделков.

 

Правниот застапник на СОНК, адвокатката Верица Арсова појасни дека ќе бидат поднесени кривични пријави до сите што ќе го попречуваат штрајкот.

-Сакаме да им посочиме на директорите на училиштата да не си играат со штрајкувачите. Доколку некој од директорите на училиштата или надворешни лица се обидат да го спречат штрајкот против нив ќе бидат поднесени  соодветни кривични пријави до основните јавни обвинителства согласно член 156 од Кривичниот законик, согласно кој за попречување на правото на штрајк е предвидена парична казна или казна затвор до една година, рече Арсова.

За евентуалното вработување на привремени заменски работници кои ќе ги заменат оние што штрајкуваат, што е уредено со Закон донесен во 2014 година, Неделков рече дека Меѓународната организација на трудот побарала од Владата во 2017, 2018 и 2022 година да го тргнат ова законско решение и додала дека овие одредби се сериозна пречка за правото на штрајк.

-Досега не е ништо направено. Ова право го задржуваат директорите и основачите преку министерствата да вработуваат нови работници кои би ги замениле местата на штрајкувачите, порача Неделков.

Истакна дека не може да предвиди до кога ќе трае штрајкот и кога евентуално Светот на СОНК ќе донесе одлука за прекин на штрајкот или за евентуално ставање во мирување.

-Кога ќе биде тоа не зависи од нас. Ние би биле среќни уште утре да се случи и да најдеме заедничко решение. До сега немаме никаков предлог, но мора да имаме во предвид дека било каков предлог членството нема да прифати, рече Неделков и додаде дека ќе мора да ги викнат и да преговараат со нив.

Очекува, како што кажа, во текот на утрешниот ден или најдоцна до вторник да има средба со одговорните за да не прерасне штрајкот на СОНК во многу поголем и масовен штрајк во државата, бидејќи, посочи, и другите грански синдикати најавуваат порадикални мерки.

СОНК за утре најави генерален штрајк, бидејќи на средби со ресорните министерства и Владата не се договорија за исполнување на нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти. Ова барање е со цел усогласување со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари што веќе стапи на сила.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Спортпред 6 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 7 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 9 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 11 часа

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 12 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 13 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 13 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 14 часа

Општина Гостивар: Дојавите за бомби се лажни, училиштата се безбедни

Гостиварпред 16 часа

Дојави за бомби и во училишта во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 1 недела

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена