Поврзи се со нас

Македонија

СОНК задоволен од масовноста на штрајкот, чекаат нова средба со Владата

Објавено

на

Според наша оценка и сознанија, се штрајкува во сите основни и средни училишта и во градинките, и тие што не се членови на СОНК масовно се вклучуваат во штрајкот, изјави претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков на прес-конференција соопштувајќи за генералниот штрајк кој почна денеска заради исполнување на барањето веднаш да се зголемат платите во дејностите образование и детска заштита.

Рече дека околу 25 илјади вработени во училиштата и градинките денеска се вклучиле во штрајкот, а минорен е, како што рече,  бројот и не е повеќе од илјада на тие што не учествуваат. Мал бил бројот на ученици во основните и средните училишта и релативно мал број на деца во градинките.

– Пресреќни сме што немало никаков инцидент, ниту некое дете  било оставено пред врата. Најважно е што е пратена пораката до надлежните која е многу јасна – огромно е незадоволството во градинките, основните и средните училишта кои имаат проблем со нивниот социјален статус, истакна Неделков.

Според претседателот на СОНК, во градинките имало, како што рече, посериозни притисоци во однос на настојување на директори воспитувачите да го прекинат штрајкот и да влезат во детските групи.

Соопшти дека голем е бројот на тие што не штрајкуваат во градинките „Орце Николов“ во Карпош и „Кочо Рацин“ во Центар, во градинките во Валандово, во Гевгелија половина не се во штрајк, како и во некои други општини каде што имало помал број штрајкувачи кои, рече Неделков,  морале да бидат на работните места иако се во штрајк. За една градинка во Битола рече дека има основа да поднесат кривична пријава, зашто се барало списоци, што е спротивно на правилата на штрајкување и на законите. Нагласи дека процесот на штрајк никој не сме да го прекине и дека за спречување на штрајкот  се предвидени кривични пријави.

Освен ова, проблем имало и со работното време на штрајкување зашто се толкува Законот за работни односи, но овие се посебни дејности, рече Неделков, и вработените не се обврзани да бидат на работа по осум часа.

-Во најмала рака, треба да договорат со директорите и градоначалниците да се штрајкува онолку колку што биле и смените во училиштата. Инсистирањето да се штрајкува осум часа е непродуктивно и се прават дополнителни трошоци во установата. Дополнително, за колегите кои се во рамазански пости е и  нехумано од втората смена да се враќаат дури во 7 или во 8 часот кога е почната вечерата. Сѐ ова оди во правец на реваншизам, вршење притисок и уцени врз оние кои штрајкуваат да прекинат со штрајкот. Но, колегите со тоа сигурно нема да се поколебаат. Напротив, мотивот да истраат и да бидат во штрајк е уште поголем и од таа причина мора да се најде заедничко решение и заеднички јазик со штрајкувачкиот одбор, рече Неделков.

Тој денеска имал краток разговор со министерот за образование и наука Јетон Шаќири кој му најавил дека  можеби ќе се сретнат утре. Рече дека чекаат да бидат повикани на средба, но дека тоа мора да биде конструктивен и конкретен дијалог, а не, како што рече, пропаднат и бесцелен разговор.

– Расположени сме тежината на нашите аргументи уште еднаш да ги претставиме пред надлежните и да ги убедиме дека ова што го бараме е издржано, да најдеме заедничко решение, да можеме да им излеземе на сите оние што се засегнати од нашиот штрајк и неможноста да одат на работа поради неможноста за згрижување на нивните деца, рече Неделков кој се извини за таквата ситуација, но и се заблагодари за масовната поддршка што СОНК ја добил во сите делови од државата.

Штрајкот ќе продолжи и утре зашто дури и вечерва да има средба со претставници од Владата и да има согласност, рече претседателот на СОНК, ќе треба предлозите да одат во процедура кај членството и да добијат овластување за евентуално прекин на штрајкот или одбивање на предлогот. -Процедурата мора да се запази и тоа бара време, додаде Неделков.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 10 часа

Мозочната магла и анксиозноста – зошто се случува и како да се справиме со неа?

Гостиварпред 11 часа

Гостивар во спомен на 16-те загинати во несреќата од 13 февруари 2019

Гостиварпред 12 часа

Гостиварец лишен од слобода заради малтретирање и запуштање на своите малолетни деца

Гостиварпред 14 часа

Семејствата на жртвите во несреќата кај Ласкарци огорчени: Правдата не е задоволена, системот потфрли!

Спортпред 14 часа

Кошаркарите на Гостивар први полуфиналисти на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Гостиварпред 15 часа

Жена касната од куче скитник во Гостивар

Спортпред 18 часа

Во Гевгелија започнува кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Светпред 18 часа

Кремљ потврди: Путин и Трамп разговараа, американскиот претседател поканет во Москва

Гостиварпред 19 часа

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци-Непребол за 16 изгубени човечки животи

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 3 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена