Гостивар
Сообраќајна култура за основци во Гостивар и Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (10 октомври) започна со практична имплементација на новиот превентивно-едукативен проект„ Сообраќајна култура и младите во сообраќајот“, чиј носител е Отсекот за превенција. Со проектот ќе бидат опфатени ученици во деветто одделение во над 60 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје, а кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.
„Стручно обучени полициски службеници овој и наредните два месеци, колку се планира да трае проектот, на посебни часови поблиску ќе ги запознаат највозрасните основци со сообраќајните знаци, како правилно да се движат по патишта и улици на кои нема обликувани тротоари, како безбедно да управуваат електрични тротинети, а ќе бидат информирани и за законските импликации за непостапување според важечките сообраќајни правила и прописи. Покрај ова, на деветтодделенците ќе им бидат презентирани и други информации поврзани со основните сообраќајни поими и начини на однсување како мотоциклисти, пешаци и слично.“, соопшти СВР
Целта на проектот е подигнување на нивото на сообраќајна култура на младите во функција на подобрување на вкупната безбедност на патиштата и улиците во поширокиот Полошки регион.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар