Поврзи се со нас

Гостиарски

Сообраќајна (не)култура

Објавено

на

Метеж низ улиците, заобиколување на сообраќајните прописи, паркирање кому каде ќе му текне, пешаци кои претрчуваат на другата страна без воопшто да внимаваат на пешачките премини, нетрпеливи возачи кои упорно свират…Ова е секојдневна глетка во Гостивар. Непочитувањето на законските правила во сообраќајот создава хаос, а сообраќајната култура многу повеќе е некултура.

Со тоа ќе се сложат повеќето граѓани, но секој ја брани својата страна, зависно кој тип учесник е во сообраќајот. Пешаците коментираат дека премините предвидени за нив не се добро обележани, а возачите ретко им даваат предност. Возачите пак, велат улиците се тесни, сообраќајот не се регулира, другите не внимаваат доволно. Полицијата контролира и санкционира, но има ли подобрување на состојбите?

Брзото возење број еден прекршок

Неприлагодената брзина е најчеста причина за сообраќајќи на подрачјето на Гостивар, особено за оние со потешки последици.

Брзите возачи создаваат најмногу проблеми низ улиците и патиштата. Неприлагодената брзина е најчеста причина за сообраќајќи, особено за оние со потешки последици. Полицијата потврдува дека на подрачјето на Гостивар брзото возење е прекршок број еден. По него следува возење без дозвола.

„Најчести прекршоци што ги чинат возачите на гостиварското подрачје се неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење и управување без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа. Ова се податоци кои се однесуваат не само за годинава, туку и години наназад. Тие впрочем се издвојуваат и како најзастапени меѓу причините за случените сообраќајни несреќи, посебно неприлагодената брзина.“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Како сообраќајни „црни точки“ на гостиварското подрачје полицијата ги нотира  магистралниот пат Гостивар-Кичево, на и во близина на Новоселскиот мост, каде последните неколку години има несреќи со загинати лица, но и гостиварскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, на кој се забележани повеќе излетувања од коловоз и несреќи предизвикани од животни, а како сообраќајно ризична  минатата година се среќава и улицата „101“.

Инаку, од почетокот на годинава на поширокото гостиварско подрачје вкупно откриени и санкционирани биле скоро 400 пречекорувања на максимално дозволената брзина, а најголем број од возачите пречекорувале за 30 до 50 километри на час повеќе од пропишаното. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за овој вид  прекршок казните се движат од 45 до 400 евра. За екстремно брзите возачи, покрај паричната глоба, предвидено е и времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Пешаците не се цвеќе за мирисање

Не погледнуваат ни лево, ни десно, и преминуваат улица без пешачки, во среде гужва и во налет на автомобили од сите страни. Со тоа се доведуваат во опасност себе си, но и останатите учесници во сообраќајот. Дека пешаците не се „цвеќе за мирисање“ покажува и статистиката на СВР, според која минатиот и овој месец на гостиварското подрачје изречени се вкупно 66 мерки за непрописно однесување на пешаци во сообраќајот, претежно за преминување на улиците надвор од обележани пешачки премини и невнимателно задржување на коловоз.

Во минатиот и овој месец на гостиварското подрачје изречени се вкупно 66 мерки за непрописно однесување на пешаците, најповеќе за преминување на улиците надвор од обележани пешачки премин.

Изминатиот период сообраќајната полиција во Гостивар стави акцент на контролите околу пешаците, како и колку возачите ги почитуваат правилата на пропуштање. Казни летаат, но ќе донесат ли тие малку повеќе совест во сообраќајното однесување, останува да се види.

Апелите остануваат исти за доброто на сите

Секторот за внатрешни работи Тетово постојано ги повторува апелите до возачите да не возат пребрзо и посебно без положен возачки испит, зашто на тој начин најдиректно ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. На пешаците им укажува да бидат максимално внимателни.

„На возачите им се советува, исто така, навреме да ја проверуваат техничката исправност на возилата, да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, изморени и без потребната опрема и секогаш да им даваат предност на пешаците, но и да се однесуваат максимално одговорно кон другите учесници во сообраќајот, мотоциклисти, велосипедисти и така натаму. До пешаците апелираме на внимателност, посебно кога се движат по улици или патишта на кои нема обликувани тротоари, но и како и каде ги преминуваат улиците без обележани пешачки премини. Со тоа сите ќе придонесат за вкупната сообраќајна безбедност, не само на гостиварското, туку и на поширокото подрачје.“, нагласува СВР.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 10 часа

Телеграм достигна милијарда корисници – дали ќе го престигне WhatsApp?

Светпред 12 часа

САД постигнаа договор со Украина и Русија за примирје во Црно Море и забрана за напади врз енергетската инфраструктура

Македонијапред 14 часа

Објавени правните лица на кои ќе им бидат одземени лиценците за градежно работење и урбанистичко планирање

Македонијапред 15 часа

Приведувања и кривични за злоупотреба на тендер за обезбедување на патарините

Македонијапред 15 часа

Црвениот крст почна со исплата на средства на семејствата на починатите и повредените во несреќата во Кочани

Гостиварпред 16 часа

Одбележан празникот посветен на македонскиот светител Кирил Лешочки

Македонијапред 17 часа

Минималната плата од април ќе биде 24.400 денари, се покачува за 2.200 денари

Македонијапред 19 часа

Младиот Јован кој спаси 21 лице во пожарот во Кочани, со аплауз пречекан во своето училиште

Гостиварпред 21 час

Најмногу врнежи изминатото деноноќие во Маврово и Пожаране

ФОТО ВЕСТпред 4 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Гостиварпред 4 недели

Пријава за измама – Двајца гостиварци купиле ист стан

Видео емисиипред 3 недели

ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог

Македонијапред 3 недели

Министерството за енергетика со информации за сметките за струја – Приговори, цена по блокови, процедури…

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Македонијапред 4 недели

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар одбележан јубилеј 80 години од основањето на Црвен Крст – „Ние гледаме луѓе“

Македонијапред 4 недели

Од утре дестабилизација на времето, деновиве дожд и снег

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 5 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 1 година

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена