fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Сообраќајни акции и казни изминатиот викенд во Гостивар

Објавено

на

СВР Тетово соопшти дека вчеравечер (7/8 март) од 20 до 2 часот, на подрачјето била спроведена акциска контрола, дали и колку од возачите управуваат под дејство на алкохол.При тоа, биле откриени двајца алкохолизирани возачи, кои веднаш се исклучени од сообраќај и времено им се одземени возачките дозволи, а изготвени им се и соодветни поднесоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, по што ќе се соочат со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од нивната алкохолизираност.

Во контролата, исто така, откриени и законски санкционирани се и 42 други видови прекршоци од кои 25 во Тетово и 17 во Гостивар,  пред се вградување на неатестирани фолии, управување со важечка забрана, давање на возило на лице без возачка дозвола и така натаму.

Завчера,пак, (6 март) од 10 до 16 часот, на тетовско-гостиварското подрачје била реализирана акциска контрола за непрописно престигнување, при што биле изречени 66 санкции (Тетово-38 и Гостовар-28) , најмногу за престигнување на забранети места и на други начини. Глобите за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 40 до 300 евра во денарска противвредност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!