Гостивар
Сопружниците Зендели кои го искачија Килиманџаро на прием во Општина Гостивар

Ајфер и Керамедин Зендели, брачниот пар од Гостивар кои го остварија својот планинарски сон и го искачија еден од највисоките врвови во светот Килиманџаро, вечерва беа специјални гости во Општина Гостивар. Во нивна чест беше организиран свечен прием во општинската сала, на кој присуствуваа и членови на планинарското друштво „Шар“, од кое и самите се дел, долги години наназад.
Во оваа прилика раководството на здружението на градоначалникот Арбен Таравари му подари фотографија, а брачниот пар Зендели спортска облека од Килиманџаро.
„По успешното завршување на експедицијата за искачување на планината Килиманџаро (врвот Ухуру), со скромна церемонија ги пречекав нашите двајца алпинисти од Гостивар,. Им се заблагодарив за честа што му ја направија на градот Гостивар. Им посакувам успех на брачниот пар Зендели и на Здружението „Шар“ во следните експедиции.“, рече градоначалникот.
Керамедин накратко ги сподели впечатоците од самото искачување.
„Впечатоците се многу големи, а емоциите навистина длабоки. Целото искачување до врвот траеше четири дена, додека враќањето два дена. Ни беше многу убаво, времето погодено, се најдовме во добро друштвото со планирани од Србија и Хрватска, со кои заедно поминавме прекрасни доживувања. На врвот останавме скоро час и половина, за разлика од другите кои остануваа по 5-10 минути. Малку ни се расипа расположението кога некои што беа пред нас, се жалеа дека е тешко горе, но ние продолживме и навистина вредеше.“, рече Зендели.
Ајфер и Керамдеин се првите гостиварци кои уживаа во магијата на Килиманџаро. Во видеото можете да ги погледнете моментите од експедицијата.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!