Македонија
По 5.000 до 10.000 евра од државата за сопствен бизнис на млади лица и ранливи групи

Агенцијата за вработување денес го објави огласот од Програмата за поддршка на самовработување на невработени млади лица до 29 години, лица со попреченост и жени од ранливи категории (приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе, самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај).
Преку Програмата се обезбедуваат неповратни средства (грант) во износ од 246.000 до 307.500 денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има по 50% удел во друштвото.
Исто така, предвидена е и експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.
Правните субјекти основани од страна на инвалидни лица имаат можност за дополнителен грант за нови вработувања и тоа во износ од 92.000 денари за вработување на лице на возраст над 29 години или 153.750 денари за вработување на лице до 29 години.
Пријавувањето на заинтересираните се врши во работните клубови на Центрите за вработување.
Преку мерката Самовработување со грант минатата година на подрачјето на Гостивар беа отворени над 80 фирми.
Целиот оглас може да се најде на веб страната на Агенцијата за вработување
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден