Поврзи се со нас

Македонија

Сослушани 7 сведоци за пожарот во тетовската модуларна болница

Објавено

на

На денешното рочиште од судењето за пожарот во тетовската модуларната болница во кој загинаа 14 луѓе, беа сослушани седум сведоци предложени од Обвинителството. На прашања на обвинителите, на судијата и на адвокатите на обвинетите и оштетените одговораа двајца лекари, една медицинска сестра и четири лица кои во модуларната болница биле како придружба на пациенти.

Во сведочењето, двајцата лекари Мустафа Таири и Шпеназа Арифи Зеќири и медицинската сестра Надире вработени од Клиничка болница објаснија дека вечерта имало потреба за реанимација на пациент, женско лице на 21 година, по што во истата болничка соба дошло до пожар кој се проширил. Тие објаснија какви обиди направиле да се изгасне огнот, од каде и како побарале помош и како се евакуирале пациенти.

На прашања на обвинителите и адвокатите какви наредби добивале лекарите од обвинетиот доктор Бобан Вучевски, тие објаснија дека како тој како специјалист им давал насоки околу протоколите како да постапуваат со пациентите и каква терапија да им даваат, а други наредби од него не добиле.

На прашањето од судијата дали во модуларната болница имало портир, сведоците посочија дека немало. Тие кажаа дека на влезната врата од модуларната болница имало писмена наредба дека е забранет влез за посетителите, но и дека се соочувале со агресивни лица кои и покрај тоа барале да бидат присутни во болничките соби.

Сведоците кои биле во модуларната болница како придружба на свои блиски имаа различни ставови околу тоа дали им било забрането од некого престојуваат во собите. Сведокот, Оливера Веселиновска, како мајка на дете со посебни потреби рече дека била присустна со документ и затоа не и правеле проблем.  Сведокот Виолета Петрушевска чиј сопруг бил пациент рече дека строго им било забрането да влегуваат. Таа посочи дека правела напор понекогаш да влезе во болничката соба за да му помогне на сопругот кој бил со тешка клиничка слика за да го пресоблече и слично, по што ја напуштала болничката соба.

Сведокот Имран Шаќири, чиј сопруг бил хоспитализиран рече дека постојано била таму во текот на 28 дена хоспитализација и дека имало и по повеќе луѓе внатре кои биле придружба на другите болни луѓе. Сведокот Мумин Исмаили, кажа дека заедно со брат му се менувале постојано да бидат покрај нивната болна мајка и истакна дека никој од медицинскиот персонал не му забранил да престојува во болничката соба и дека немало портир пред болницата.

Судењето ќе продолжи на 16 февруари со сослушување на уште сведоци, а судијата Јордан Велковски најави дека ќе бидат поканети и вештите лица кои ги имаат изготвено вештиот наод.  Потоа ќе следуваат сослушувања на сведоци и писмени докази на одбрана.

Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.

Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година, откако од септември 2022 година дотогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 8 часа

Летно-зимско време…Кои се последиците од поместувањето на часовникот

Гостиварпред 10 часа

Кривична за измама против гостиварец, наплатил 1.800 евра да направи кујна ама не ја испорачал

Македонијапред 13 часа

Годинава ќе има дополнително олеснување на државната матура

Македонијапред 13 часа

Доделени годишните новинарски награди на Здружението на новинари на Македонија

Гостиварпред 14 часа

На Светскиот ден на театарот Гостиварски театар започна подготовка на нова претстава, комедија за бракот

Македонијапред 16 часа

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Гостиварпред 17 часа

Усмртена мечка на патот Тетово-Скопје, возачот повреден

Гостиварпред 18 часа

Неделна акција на полицијата за брзо возење-49 казни во Гостивар, 99 во Тетово

Вестипред 19 часа

Ќе ставам крај на војната во Украина за 24 часа, вети Трамп

Гостиварпред 7 дена

Комуналец Гостивар по прекинот во водоснабдувањето: Водата од градскиот водовод да не се пие

Гостиварпред 3 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Вестипред 3 дена

Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион

Гостиварпред 3 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 1 недела

Во понеделник дел од Гостивар 5 часа без струја, ќе биде исклучено и училиште

Гостиварпред 4 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 2 недели

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Македонијапред 3 недели

Пред општинската зграда во Ростуше покрај македонското поставено и турското знаме

Популарно изминативе 100 дена