Гостивар
Сослушани вештаци кои го изготвија супервештачењето за „Ласкарци“, судењето продолжува на 21 февруари

Со сослушување на вешти лица кои го изготвија супервештачењето за случајот „Ласкарци“ во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за автобуската несреќа што се случи пред четири години a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени. По две одложувања на процесот, поради болест на вештото лице Зекирија Зекири, кој и денеска не се појави, судењето продолжи со испитување на останатите вештаци од тимот што го изготвил машинското супервештачење.
При испитувањето на вештото лице Јованка Савова, обвинителот посочи на неколку грешки во супервештачењето за кои вештото лице рече дека станува збор за грешки од техничка природа.
Прашана дали може да потврди дека на сите примероци кои што ги доставиле до судот нејзиниот потпис е рачно ставен, таа одговори да.
– Јас се потпишав. За мене можам да кажам, сум се потпишала рачно, рече таа.
Во врска со прашањето дали ѝ е познато дека двајца од вештаците не се наоѓаат на страната објавена на веб-страната на Бирото за вештачење, таа одговори „не е моја работа како бирото работи“.
Потоа, обвинителот посочи на грешка во однос на името на еден од наведените автори во наведената користена литература и продолжи со испитување во однос на наодите во вештиот наод.
Најголемиот дел од прашањата се однесуваа на системот за сопирање и процентот на неговата ефикасност за успорување.
– Она што ние го заклучуваме во нашиот вешт наод е дека во почетокот на настанување на сообраќајната незгода не е активиран системот за кочење. Тоа се изјавите на сведоците кои возеле позади автобусот, а вториот елемент е зошто ние се врзуваме локациски за првата ограда. Тоа е онаа анализа на трагата каде што нема подолжна или бочна сила, што нѐ наведува на заклучокот дека до тука не е употребен системот на кочење, рече вештакот Иван Ѓаковски.
Прашани дали ќе се согласат дека трага на пат нема да остане ако коефициентот на успорување не е под 40 проценти, вештаците одговорија дека за тоа ќе се произнесат сообраќајните вештаци.
По барање на вештите лица, поради замор, и јавниот обвинител, како што рече, „поради неподнослива атмосфера во судницата“, Судечкиот совет ја прекина расправата. Следното рочиште е насрочено за 21 февруари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава