Како што веќе информиравме, на гостиварска територија согласност за настава со физичко присуство добија само неколку училишта во селата, додека во останатите наставата ќе се одвива онлајн. Единствено сите ученици од прво до трето одделение ќе седнат во школските клупи.
Состојбите и условите за спроведување на наставата во гостиварските училишта денес се разгледуваа на координативен состанок во општината. Надлежните од образование нагласуваат дека има голем број ученици коишто нема да можат да се вклучат во онлајн наставата, затоа што немаат соодветен електронски уред.
„Ќе биде тешко, таква е состојбата. Лани имавме статистика дека над 900 ученици се од социјални семејства кои немаат услови да следат настава на далечина, за годинава точната бројка ќе се знае за неколку дена. Минатата година обезбедивме уреди, компјутери, лап топи, телефони за повеќе од 300 деца. На оваа платформа пак, со телефони и нема да може да се работи како што треба. Ќе биде проблем за многу семејства“, изјави Аслијан Снопче, раководител на сектор за образование О.Гостивар
На состанокот учествуваа и претставници од Одделението за внатрешни работи во Гостивар. Со нив се разговараше за делот на безбедноста и улогата на полицијата во спроведувањето на протоколите за заштита од коронавирус.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK