Гостивар
Состанок за просторното планирање на општините во Полог

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денес одржа координативен состанок со градоначалници и претставници на општините од Полошкиот плански регион.
Според него, планирањето на просторот е планирање на иднината, суштинска карактеристика на цивилизираното општество и одраз на највисока мудрост. Во тој правец, најзначајна улога има просторното планирање реализирано преку Националниот просторен план, како највисок стратешки, плански документ.
„Наша задача е да креираме модерен Просторен план, кој ќе одговара на современите услови и потреби и кој ќе претставува визија за тоа како долгорочно ја замислуваме иднината на нашата држава. Во процесот на изработка на новиот Просторен план ги вклучивме осумте плански, развојни региони во државата, кои ни обезбедуваат линк со сите единици на локалната самоуправа“, истакна министерот.
Секој од одделните плански региони се карактеризира со посебни потенцијали и вредности.
„Прогласувањето на Националниот парк Шар Планина, како еден од четирите национални парковик во државата, го потенцира значењето на Полошкиот Регион и специфичностите кои тој ги поседува. Правилното управување со овие ресурси, како и фактот дека Полошкиот регион е еден од најгусто населените во државата, го нагласува значењето на планското донесување на одлуките за решавање на тековните проблеми, задоволување на потребите и идните активности“, додаде министерот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос