Поврзи се со нас

Македонија

Составот на новата влада ќе биде доставен во Собрание во вторник

Објавено

на

Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а во недела на 16 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет на кои ќе биде утврден списокот на новите членови на владата од Коалицијата „Твоја Македонија“, информира денеска мандатарот Христијан Мицкоски.

-Овој викенд во недела ќе биде одржана седница на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кои ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар. Очекувам Централниот и Извршниот комитет да се произнесат и доколку е позитивно да и бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната влада заедно со програмата на работа ќе бидат доставени во вторник на 18 јуни во македонското Собрание, изјави Мицкоски пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Нагласи дека не може да зборува од името на другите партии и коалиции кои се во состав на новата влада за тоа кои ќе бидат нивните кадровски решенија.  Потврди дека во новата влада ќе има претставници на коалициите „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ“ и на движењето „ЗНАМ“, а во опозиција ќе бидат коалицијата „Европски фронт“, коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ и политичката партија Левица.

-Со тоа ќе биде реализирано и второто ветување кое го дадовме на изборите. Првото ветување беше реорганизација на составот на влада, второто ветување е ДУИ во опозиција, третото ветување 400 до 450 милиони евра инвестиција во производство на електрична енергија од обновливи извори која ќе ја види македонската јавност на 25 јуни, порача Мицкоски.

За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа, како што рече, побарал поддршка од сите и разговарал и со СДСМ.

-Гласаа пратеници од ДУИ точно, но од коалицијата „Европски фронт“ гласаа и пратеници кои се дел од Турската демократска партија, од Демократската партија на Албанците и други пратеници кои не се од ДУИ. Очекувавме да гласаат и пратениците кои се дел од  коалицијата предводена од СДСМ и пратениците од политичката партија Левица, рече Мицкоски.

Во идната влада, како што посочи, повеќе нема да има економски директори во здравствените установи, ќе има еден клинички центар, ќе се укинува позицијата заменик директор онаму каде што постои, за 20 отсто ќе се намалат членовите на управните одбори, ќе се намали бројот на пратеници од 120 на 90.

-Во првите 100 дена од Владата ќе се реализираат многу од овие ветувања,  потенцира Мицкоски.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 3 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 1 недела

Денес се слави Петровден

Регионпред 4 недели

Во Црна Гора се отвора првата плажа за жени со хиџаб

Гостиварпред 1 недела

Викендов 61 издание на Галичка свадба

Гостиварпред 3 недели

Трагедија во Маврови Анови: Починал малолетник откако врз него паднал бојлер

Гостиварпред 3 недели

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Гостиварпред 3 недели

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 3 недели

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена