Гостивар
Состојба на скривниците во Гостивар – Ќе завршат ли работа во случај на „Не дај Боже“?

Војната во Украина го актуелизираше прашањето за скривниците кои треба да служат за засолнување на граѓаните во вонредни загрозувачки ситуации. Се поставуваат прашањата, колку ги имаме на располагање, дали се доволно, какви се условите, дали се одржуваат и колку се функционални тие објекти, кои во кризни времиња имаат суштествено значење?
Во таа насока, се обидовме да провериме каква е состојбата со јавните скривници во Гостивар. Можат ли да завршат работа ако дојде „Не дај Боже“?
Во Гостивар има две засолништа коишто се надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. При нашата обиколка на засолништето зад зградата кај ресторанот Бриони забележавме дека објектот исполнува одредени критериуми во однос на прилагодени простории, систем на вентилација, два влеза, но нема електрична енергија.
Исто така, скалилата по кои се доаѓа до просториите за престој се полни со отпад, даски, пајажини искршено стакло… Очигледно е дека на објектот, кој има површина од околу 180 метри квадратни му недостига средување и одржување, и секако најважното – струја.
Второто јавно засолниште се наоѓа во Бањица, кај старата ветеринарна станица и е тунелско.
Таму затекнавме непријатна глетка и миризба. Вратата најверојатно била украдена, па влезот во тунелот сега е импровизирано покриен. Градежниот шут и другото ѓубре укажуваат дека несовесни лица го користат влезниот дел на засолништето како контејнер… До просториите наменети за престој на луѓе, тешко се стигнува. Тунелот е од камен, а има посебна просторија со бетон, и во овој објект нема струја, продолжението на тунелот е затворено со бетон, нема мрежа…
Во одговорите за состојбата на скривниците во Гостивар, кои Gostivarpress.mk ги доби од Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје, пишува дека на Дирекцијата и‘ биле дадени двата објекти на трајно користење со одлука на Владата во 2005-та година, и дека тие се во добра состојба. На прашањата: Дали се одржуваат и дали се функционални, Дирекцијата одговори дека засолништата се одржуваат според планот за работа и дека доколку се јави потреба тие се функционални за згрижување на луѓе. Од Дирекцијата исто така, наведоа дека имаат план за санирање на скривниците.
Во Гостивар има уште 28 помали засолништа, кои се предадени на користење на куќните совети на колективните згради. Грижата за нив е препуштена на станарите, односно советите за домување.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022