Гостивар
Состојба во Македонија: 15 излекувани од Ковид, двајца починати – гостиварско без промени

Во изминатото деноноќие во земјава регистрирани се 15 излекувани пациенти од Ковид 19, соопшти Министерството за здравство. Шест од нив од болничко лекување и 9 кои се лекуваа во домашни услови. Во земјава потврдени се нови 37 случаи на коронавирус.
По градови:
– Скопје 8
– Куманово 9
– Прилеп 5
– Тетово 3
– Велес 3
– Охрид 8
– Кочани 1
Во регионот на Гостивар нема нови потврдени случаи, останува официјалната бројка од вкупно 12 позитивни до сега.
Починаа двајца пациенти позитивни на КОВИД-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.
Направени се 314 теста, а вкупно досега 11870 тестирања на коронавирусот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022