Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Состојка од кафето против несакани ефекти на дебелината

Објавено

на

Хемиското соединение „CGA кое се наоѓа во кафето може да помогне во спречување на некои од штетните ефекти на дебелината, велат истражувачите од Универзитетот во Џорџија.

Во едно истражување објавено неодамна во „Pharmaceutical Research“, научниците откриле дека хлорогенската киселина (GGA) значително ја намалува инсулинската резистенција и акумулацијата на масти во црниот дроб.

Во текот на изминатите 20 години, има драматично зголемување на дебелината во САД. Повеќе од една третина од возрасните во САД и околу 17 % од децата се дебели, според Центарот за контрола и превенција на болести, а годишните медицински трошоци за  дебелината изнесува повеќе од 147 милијарди долари.

Покрај зголемувањето на телесната тежина, двете заеднички несакани ефекти на дебелината се отпорност на инсулин и акумулација на масти во црниот дроб. Доколку не се лекуваат, овие нарушувања може да доведат до дијабетес и да ја ослабат функцијата на црниот дроб.

Со цел да се тестираат терапевтските ефекти на „CGA“, истражувачите им давале високо заситени масти на група глувци во рок од 15 недели и ги инјектирале со „CGA“ двапати неделно.

Тие откриле дека „CGA“  ефективно го спречува зголемувањето на телесната тежина и помага за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта и здрав состав на црниот дроб. „CGA“ е моќен антиоксидант кој го намалува воспалението. Многу докази укажуваат дека  болестите поврзани со дебелината се предизвикани од хронични воспаленија, па ако можеме да ги контролираме, би можеле  да отстраниме  некои од негативните ефекти на прекумерната тежина.

„Претходните истражувања покажаа дека конзумирањето на кафе може да го намали ризикот од хронични болести како дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести”, вели Јонџи Ма, главен автор на трудот. „Нашето истражување  ги надополнува претходните наоди, потенцирајќи ги придобивките кои се поврзани со ова специфично соединение, кое се наоѓа во изобилство не само во кафето, туку и во овошјето и зеленчукот како јаболка, круши, домати и боровинки“.

Но, авторите истакнуваат  дека „CGA“ не е лек за сите. Правилната исхрана и редовното вежбање се се’ уште најдобрите методи за намалување на ризиците поврзани со дебелината.

„CGA“ може да ја формира основата за третманот на оние на кои им треба дополнителна помош. Се планираат повеќе истражувања со цел да се развие подобрена формулација на CGA специјално за човечката исхрана.

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена