Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Состојка од кафето против несакани ефекти на дебелината

Објавено

на

Хемиското соединение „CGA“ кое се наоѓа во кафето може да помогне во спречување на некои од штетните ефекти на дебелината, велат истражувачите од Универзитетот во Џорџија.

Во едно истражување објавено неодамна во „Pharmaceutical Research“, научниците откриле дека хлорогенската киселина (GGA) значително ја намалува инсулинската резистенција и акумулацијата на масти во црниот дроб.

Во текот на изминатите 20 години, има драматично зголемување на дебелината во САД. Повеќе од една третина од возрасните во САД и околу 17 % од децата се дебели, според Центарот за контрола и превенција на болести, а годишните медицински трошоци за  дебелината изнесува повеќе од 147 милијарди долари.

Покрај зголемувањето на телесната тежина, двете заеднички несакани ефекти на дебелината се отпорност на инсулин и акумулација на масти во црниот дроб. Доколку не се лекуваат, овие нарушувања може да доведат до дијабетес и да ја ослабат функцијата на црниот дроб.

Со цел да се тестираат терапевтските ефекти на „CGA“, истражувачите им давале високо заситени масти на група глувци во рок од 15 недели и ги инјектирале со „CGA“ двапати неделно.

Тие откриле дека „CGA“  ефективно го спречува зголемувањето на телесната тежина и помага за одржување на нормално ниво на шеќер во крвта и здрав состав на црниот дроб. „CGA“ е моќен антиоксидант кој го намалува воспалението. Многу докази укажуваат дека  болестите поврзани со дебелината се предизвикани од хронични воспаленија, па ако можеме да ги контролираме, би можеле  да отстраниме  некои од негативните ефекти на прекумерната тежина.

„Претходните истражувања покажаа дека конзумирањето на кафе може да го намали ризикот од хронични болести како дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести”, вели Јонџи Ма, главен автор на трудот. „Нашето истражување  ги надополнува претходните наоди, потенцирајќи ги придобивките кои се поврзани со ова специфично соединение, кое се наоѓа во изобилство не само во кафето, туку и во овошјето и зеленчукот како јаболка, круши, домати и боровинки“.

Но, авторите истакнуваат  дека „CGA“ не е лек за сите. Правилната исхрана и редовното вежбање се се’ уште најдобрите методи за намалување на ризиците поврзани со дебелината.

„CGA“ може да ја формира основата за третманот на оние на кои им треба дополнителна помош. Се планираат повеќе истражувања со цел да се развие подобрена формулација на CGA специјално за човечката исхрана.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 6 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 8 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 10 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 10 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 12 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 13 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 14 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 16 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена