Вести
Сотировски во посета на Муфтиството: Гостивар е пример на мултиконфесионална соработка и стабилност
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници во Македонија, Даријан Сотировски денес беше во посета на гостиварското Муфтиство, кадешто оствари средба со Муфтијата, Шаќир ефенди Фетаху. Сотировски потенцираше дека Гостивар е пример на мултиконфесионална соработка и стабилност, а на младите им порача да ги слушаат советите на своите верски лидери.
„Почестен сум што сум во овој град којшто цути во својата шареноликост, мултиконфесионалност, мултиетничност, мултикултурност. Гостивар е благословен град што за муслиманите има прекрасен Муфтија, а за православните верници прекрасен Владика. Како млад човек си дозволувам да им се обратам на младите генерации од овој град – за сите свои дилеми, сите проблеми во ова современо општество, кое често е тензично и знае на младиот човек да му направи конфузија во секојдневното носење на одлуки и решавање на различни прашања, да ги користат советите на Муфтијата и на Владиката, затоа што тука лежат вистинските решенија за суштинските проблеми на младиот човек.“, изјави Сотировски, додавајќи дека Муфтиството во Гостивар е еден од столбовите на верските заедница во Република Македонија и важна гранка во Исламската верска заедница.
Гостиварскиот Муфтија истакна дека посетата на претседателот на Комисијата за односи со верските заедници е од голема важност, затоа што ова тело има значајна улога во зачувувањето на меѓуверските односи во земјава. „Посетата значи дека оваа комисија, конкретно претседателот има голема почит кон сите верски заедници во Македонија, посебно кон муслиманската. Го информирав за повеќе работи, капацитетите на Муфтинијата, кадридте, денационализацијата на верските објекти и друго. Се надевам дека ваквите посети ќе бидат почести во иднина“, рече Фетаху.
-
Гостиварпред 3 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград