Поврзи се со нас

Гостивар

Совет Гостивар: Дебата за Планот за вработување во општината и буџетските пари

Објавено

на

Годишниот план за вработување во Општина Гостивар за 2023 година и кварталниот извештај за буџетот, кои беа на дневен ред на денешната седница на Советот, покренаа дебата. Од советничката група на ДУИ по овие прашања стигнаа негативни реакции, додека од локалната самоуправа-појаснувања и образложенија за потребата од одлуките.

„Вработувањата се најделикатна тема, и јас би им се заблагодарил на сите посветени пожарникари, административци. Но, не можеме да премолчиме една јавна тајна, а тоа е дека ако не си партиски војник, не може да се вработиш во општината. И, бараме да нема непотизам. Плус, со нови вработувања, во услови на ваква криза, само повеќе го оптоваруваме буџетот. Против сме овој план за вработување“, рече советникот од ДУИ,  Азиз Даути.

Секретарот на општината, Зоран Крајоски даде објаснување дека донесувањето на План за вработување како документ е законски обврзувачка обврска, додека исполнувањето зависи пред се‘ од финансиската состојба.

„Ние сме должни до Министерството да доставиме годишен План за вработување, со предвидувања да се пополнат местата што се испразнети според систематизацијата. Не мора да значи дека тоа ќе се исполни, тоа е проекција. Секако, исполнувањето е поврзано со финансиските средства и дали ќе се најдат луѓе со соодветни квалификации. Но, мора да се предвиди“, рече Крајоски.

Советничката од СДСМ, Рената Дуцеска пак, побара поголема внимателност при донесувањето на одлуки со оглед на актуелната криза.

„Секој од нас, како советник и заедно како Совет треба да внимаваме какви одлуки гласаме, имајќи ја предвид и економската и енергетската криза. Да не излезе пред граѓаните дека донесуваме неодговорни одлуки, кои би предизвикале непродуктивни трошоци“, рече Дуцеска.

За кварталниот извештај за буџетот од ДУИ посочија дека расте долгот на општината, а училиштата должат и покрај тоа што се исплаќаат дотации преку МОН. На тоа од Секторот за финансии одговорија дека долговите се поради тоа што општината има помали приходи, а повеќе расходи, дека се работи и инвестира и дека опозицијата треба да предлага нови извори на финансии.

Планот за вработување и кварталниот извештај за буџетот, на крај беа усвоени од Советот.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена