Поврзи се со нас

Гостивар

Совет Гостивар: Доделени финансии за стационарот за кучиња скитници, младински активности, проект за Роми…

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар ја одржа 34-тата седница на чиј дневен ред се најдоа повеќе одлуки за доделување на финансиски средства од буџетот, извештаи на Јавните претпријатија, точки од областа на урбанизмот, разрешувања и именувања во управни одбори и друго.

Од општинската каса ќе се издвојат 615 илјади денари за активности на Младинската организација YEP со која локалната самоуправа има потпишано меморандум за соработка. Невладината ИГИ ќе добие 999.300 денари, а парите се во рамки на проектот за стационар за кучиња скитници, наменети за плати и надоместоци на вработените преку цела година.

Одлуката за доделување финансии на Здружението за интергација на Ромите „Светлост“, наиде на остра реакција од советникот на Демократски сили на Ромите, Кашмир Салиу. Тој побара оваа точка да се изземе од дневен ред, со образложение дека не била запазена процедурата, барањето да оди преку комисијата за имплементација на локалните планови за Ромите и дека постојат одредени  проблеми со структурата на здружението.

“Комисијата е формирана од овој Совет и е задолжена за сите прашања поврзани со Ромите. До Комисијата нема пристигнато никакво барања од односната организација, и затоа барам оваа точка да се изземе од дневен ред. Мора да се запази процедурата. Комисијата, која има седум члена е надлежна за сите прашања и барања поврзани со Ромите, а потоа тие ги филтрираат и ги поднесуваат до локалната самоуправа. Исто така, самата содржина на невладината организација е проблематична, поради основачот и потписникот на организацијата, кои се во крвно сродство. Барам дополнително да се разгледа документацијата. И како што гледам тие бараат пари за некоја документарна емисија за Ромите. Во време на пандемија, доста им е од снимање на Ромите, треба директно да им се помогне.“, рече Салиу.

Предлогот не беше прифатен, по што Салиу најави дека комисијата ќе преземе дејства во врска со овој случај и ја напушти седницата.

Здружението поднело барање за поддршка од 650 илјади денари, но на состанок на комисијата за финансии било решено сумата да се скрати на 350 илјади денари, колку што беше изгласано и од страна на Советот.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена