Гостивар
Совет Гостивар: Финансии на општината, план за почист воздух, доделување пари…

Долговите на Општина Гостивар покренаа дебата меѓу советниците на денешната Седница на Советот. Откако од одделението за буџет ги образложија движењата од буџетскиот извештај за првиот квартал од годинава, претседателот на Советот, Валбон Лимани појасни дека долгот е зголемен заради наплати од правосилни судски решенија за наследени долгови. „Долговите се последица на лошото управување на претходните гарнитури. Општината има судски решенија од пред 7-8 години со многу високи суми“, рече тој.
Реагираа советници од ДУИ и побараа подетални информации за парите кои ги должи општината.
„Бараме нареден пат да имаме појасна слика околу тоа колку и кому должи општината, добро е да се знае и за општината и за нас како опозиција и за граѓаните. Не може да се правдаме само со минатото и после нас некој ќе треба да плаќа. Да не се вртиме назад, туку да гледаме каква е моменталната состојба, да гледаме да го расчистиме долгот и да не влегуваме во непродуктивни расправи“, беа дел од реакциите на советниците од ДУИ.
Кварталниот извештај доби зелено светло, а на седницата беше усвоен и план за подобрување на квалитетот на воздухот за период 2022-2026 година, кој предвидува низа мерки и активности за почиста животна средина.
Советот донесе и одлука за доделување на 2.000 евра финансиска поддршка на Ски Клубот ”Сноу Спорт Маврово”-Гостивар, како и други одлуки врзани со јавните претпријатија и урбанизам.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение