Гостивар
Совет на Гостивар: Усвоен буџетски извештај и одлуки за доделување пари за проекти
На денешната 35-та седница по ред на Советот на Општина Гостивар беше изгласан извештајот за извршување на буџетот за првиот квартал од годинава, што го опфаќа периодот од 1 јануари до 31 март. Како што појаснија од Секторот за финансии, и покрај ковид кризата, општинската каса има задоволителна реализација од 23,8%, што е 3 отсто повеќе, споредено со лани истиот период.
„Општина Гостивар иако е пандемија има задоволителна реализација на буџетот во првиот квартал од 23,% и во споредба со минатата година има зголемување на реализацијата за 3% и кај приходите и кај расходите. Имаме добиено писмо од Министерството за финансии дека може да го зголемиме буџетот и таа можност ќе се разгледува во јуни“, рекоа одговорните од финансии упатувајќи апел до граѓаните и фирмите редовно да ги подмируваат даночните обврски кон општината.
Советот на денешната седница усвои и неколку одлуки за доделување на финансиски средства за проекти, како овогодинешнот издаие на музичкиот фестивал Парк и за хуманитарен проект што опфаќа изградба на куќи за 5 семејства во гостиварско Чајле.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник