Вести
Совети и поддршка за младите родители во Гостивар, во новото Роса школо
Во општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар, денес отпочна со работа школо за родителство, наменето за советување и поддршка на млади родители и оние кои планираат формирање на семејство.
Школото е проект на Министерството за здравство на Република Македонија, а се реализира во соработка со Пивара Скопје.
„Гостивар се вбројува меѓу петте општини во Македонија, по број на новороденчиња. Оттука навистина ми е драго што вакво школо се отвора токму овде. Убеден сум дека стручниот кадар ќе успее да одговори на сите искажани проблеми со кои би можеле да се соочуваат новите родители“, изјави Агим Муса, заменик министер за здравство.
Директорот на болницата Јакуп Јакупи, изрази благодарност за донацијата, за која рече дека е вистински добредојдена за Гостивар. „Се надевам дека сите идни мајки и родители ќе го посетуваат ова Роса школо, а воедно ги поканувам да се пријават за часовите бидејќи ќе имаат вистински бенефит за сите прашања врзани со родителството“, рече Јакупи.
Катерина Хаџи Ангелеска Начевска, бренд специјалиство Пивара, истакна дека идејата за отворање на школи за родителство, потекнала од успешните приказни во другите земји како и од реалната потреба за една ваква форма на обучување на родителите.
Обуките кои ќе се реализираат се бесплатни и ќе опфаќаат неколку теми: родителство, здрави стилови на бременост, психофизичка подготовка, доење и нега на новороденчиња. Заинтересираните може да се пријават дирекно во гостиварската болница. Школото е сместено во просторија на гинеколошкото одделение, која е целосно реновирана и соодветно опремена.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград