Гостивар
Совети и потсетување на правилата за моторџиите и велосипедистите во Гостивар и Тетово

Викендов на подрачјето на СВР Тетово беa спроведени превентивно-едукативни активности, односно кампања под мотото „Јас внимавам и безбедно возам”. На неколку пунктови во Тетово и Гостивар, на велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети, полициски службеници им делеа летоци изработени на македонски и албански јазик, како и маички со едукативни информации и совети за нивно безбедно учество во сообраќајот.
Во рамки на активностите, иницирани и координирани од Отсекот за превенција, оваа категорија учесници во сообраќајот поблиску беа запознати со потребата од внимателно и безбедно возење, за користење заштитна кацига и за доследно почитување на сите правила и прописи.
„На мотоциклистите посебно им беше укажано да ја прилагодуваат брзината, да не консумираат алкохол и секогаш да им даваат предност на пешаците, но и навреме да ги регистрираат мотоциклите, да не седнуваат зад управувачот без положен возачки испит и валидна возачка дозвола, меѓутоа и да обрнат внимание на бучавоста.“, информира полицијата.
Овие активности се очекува да придонесат за поголема безбедност на патиштата и во Полошкиот регион, каде деновиве значително е зголемен бројот на велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар