Поврзи се со нас

Занимливости

Совети од ФБИ: Како да се слуша соговорникот

Објавено

на

Крис Вос е меѓународен преговарач на ФБИ со 30 години долга кариера. Тој открива три одлики за луѓето со висока емоционална интелигенција. Неговите преговарачки вештини може да се користат и во секојдневието на животот. Ако сме способни да ја совладаме вештината на слушање, вели, таа емоционална интелигенција може да се искористи за успешно да го смириме судирот со сопружникот, пријател, колега, па и со нервозниот тинејџер во соседната соба дома.

„Клучната вештина е да се знае како „да се слушаат и читаат“ луѓето спроти нас“, вели Вос.

Тој, на пр., бил преговарач во заложничка криза – грабеж на банка во њујоршката општина Бруклин во 1990-тите. Тој телефонски преговарал со разбојниците, па да го реши конфликтот, тогаш направил три нешта за коишто истакнува дека луѓето треба да ги прават, кога комуницираат со други луѓе, особено при чувствителни разговори.

1. Зборувајте смирувачки

Во тие преговори, пред сѐ, Вос користел техника со смирен глас – како за на полноќна диџеј-радиоемисија (го нарекол „Late Night FM DJ“) – јасен, мирен, смирувачки тон, применлив за речиси секој ваков случај.

„Овој тон на глас предизвикува неврохемиска реакција што го смирува мозокот на Вашиот соговорник. Тоа создава несвесна, но јасна реакција кај двајцата соговорници. Вистинската грижа поттикнува емоционална контрола. Ако зборувате јасно, со смирувачки глас, всушност можете да се смирите и себеси“, објаснува стручњакот.

2. Повторете ги изјавите на соговорникот во вид на прашања

Прегледувањето е делотворна техника за поттикнување на соговорникот и собирање информации.

„Со повторување на неколку клучни зборови што тој / таа ги употребил /-а во последната реченица, ја градиме сликата. На пр., ако ограбувачот на банката рече: „Имав навистина тежок ден поради сиот стрес под којшто сум“, одговарате со: „Под каков стрес сте?“ …Ова Ве одржува присутни и емотивно трезни додека му дозволувате на ограбувачот на банка да продолжи да зборува“, појаснува Вос.

3. Проценете ги емоциите на соговорникот

За време на преговорите, стручниот преговарач му рекол на друг ограбувач на банката: „Не беше твоја вина, нели?“ и „Се каеш што се случи ова, нели?“ И двете прашања инсинуираа дека разбојникот едноставно бил ставен во непријатна состојба – не по негова волја.

Оваа тактика се користи за вербално идентификување и именување на емоциите на соговорникот. Соодветните изјави од овој тип ги вклучуваат речениците: „Изгледа дека сте во стресна ситуација“ или „Се чини дека не сте задоволни од тоа како тргнале работите“.

Вос успеа да ги натера ограбувачите на банка да се предадат и да ги ослободат заложниците бидејќи направи нешто што многумина веројатно не би го направиле сред конфликт под висок притисок – ја слушал личноста спроти себе.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

Што би се случило доколку светот остане без интернет?

Македонијапред 7 часа

Кривични за злоупотреба на имиња на познати лекари во реклами за чаеви

Гостиварпред 9 часа

Што прво би направиле ако станат градоначалнички на Гостивар? Одговараат советничките Нешковска и Ќироска

Гостиварпред 12 часа

Приведен маж во ПС Гостивар за напад врз поранешната сопруга

Македонијапред 13 часа

За 30 % поевтин роаминг за македонските граѓани со земјите од ЕУ, од 2028-ма година цените се изедначуваат

Гостиварпред 14 часа

Возило удрило во електричен тротинет, гостиварец тешко повреден

Македонијапред 14 часа

До 6-ти ноември трае Конкурсот за поддршка на проекти од културата за 2024 година

Гостиварпред 15 часа

(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки

Вестипред 16 часа

Дваесетина загинати во автобуска несреќа близу Венеција

Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена