Здравје и убавина
Совети за отстранување на подбрадокот

Подбрадокот може да се појави поради генетиката или, што е прилично често – од прекумерна тежина, особено по 30-та година од животот, кога кожата полека почнува да ја губи еластичноста. Тогаш кожата кај вратот почнува полека „да се опушта“, посебно кај луѓе кои се помалку активни или се склони кон дебелеење.
Тоа, на радост на засегнатите, може да се подобри со лесни, но насочени вежби. Со нив, кожата станува позатегната, а подбрадокот се намалува. Важно е овие вежби да се изведуваат полека, постепено, без брзање и со свесност за секое движење. Следат три едноставни вежби, коишто се практикуваат секој ден.
Вежбата „бакнежи кон небото“
Длабоко вдишете, подигнете ја брадата нагоре за да почувствувате напнатост во вратот. Потоа соберете ги усните – со 20 наизменични „бакнежи“ во воздухот и спуштања на главата измеѓу погледите нагоре. Повторете ја оваа вежба 5 – 10 пати секој ден.
Вежба „уво до рамето“.
Полека навалете ја главата на едната страна и обидете да го допрете рамото со увото. Приближете ги што е можно повеќе, но внимавајте да не се појави болка. Полека вратете ја главата во почетната положба и сторете го истото со другата страна. Повторете ја вежбата неколкупати.
Вежба „поглед настрана“
Застанете исправено простум и испреплетете ги прстите на грбот. Во оваа положба, полека кревајте ги рацете колку што можете. Во исто време вдишете длабоко, свртете ја главата на едната страна, онака како да се обидувате да видите преку рамето зад себе. Останете во оваа положба пет секунди, па вратете се на почетната поза – со вдишување. Потоа свртете ја главата и на другата страна. На крај, полека спуштете ги рацете надолу.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја