Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Совети за регулирање на шеќерот во крвта

Објавено

на

    Контролирањето на нивото на шеќер во крвта е од суштинско значење за одржување на здравјето – особено за луѓето со дијабетес или предиспозиција за оваа болест.

    Иако слатките се првото нешто што доаѓа на ум кога се зборува за шеќер, има и други намирници коишто исто така предизвикуваат нагол скок на шеќерот во крвта. Ендокринологот и нутриционистка Армине Афонина од Моква, Русија, наведува некои намирници што треба да се внесуваат внимателно, како и подготовки на храната што може да влијае на рамнотежата околу шеќерот во телото, објави „Н-1“.

    Имено, според Афонина, покрај слатките, други намирници со висок гликемиски индекс коишто влијаат на шеќерот, се и колачите со пченично брашно, белиот ориз, пирето од компири… Кога се консумираат вакви јаглехидрати, телото брзо ги разградува и тоа предизвикува брз скок на шеќерот, а потоа исто толку брз пад, оставајќи нè така уморни и често гладни бргу по оброкот.

    Гликемискиот индекс мери колку брзо одредена храна го подига нивото на шеќер во крвта.

    Храната со висок гликемиски индекс брзо ослободува гликоза, додека онаа со низок гликемиски индекс го прават тоа побавно, обезбедувајќи постабилно ниво на енергија и подобра контрола на шеќерот. Така, и сушеното овошје, на пр., го зголемува шеќерот во крвта.

    Д-р Афонина препорачува урамнотежена исхрана којашто вклучува различни извори на протеини, здрави масти и јаглехидрати со низок гликемиски индекс. Нутриционистката, затоа, препорачува умереност и околу сувото овошје и советува тоа да се комбинира со храна богата со влакна и протеини за да се намали влијанието на шеќерите. Влакната ја забавуваат апсорпцијата на шеќерот, а со тоа го намалуваат гликемичното оптоварување на оброкот. Таа, исто така, нагласува дека начинот на којшто се подготвува храната може значително да го промени нејзиниот гликемиски индекс.

    Во таа смисла, и пире од компири има повисок гликемиски индекс од печен компир, како што и варен бел ориз којшто предизвикува побрз раст на шеќерот од кафеавиот ориз што содржи повеќе влакна и сложени јаглехидрати.

    Заедно со правилната исхрана, умерената физичка активност исто така може да помогне за стабилен шеќер во крвта, пониска тежина и помала опасност од хронични болести, како што е дијабетесот. Редовното вежбање му помага на телото подобро да го користи инсулинот – клучен хормон за регулирање на гликозата во крвта.

    Заклучокот гласи: Одржувањето на нивото шеќер во крвта бара свесност за тоа што се јаде и како храната влијае на телото. Покрај избегнувањето на слатките, важно е да се води сметка за целиот состав на оброкот, вклучувајќи го и начинот на подготовка на храната. Одржувањето стабилно ниво на шеќер не е само прашање на избегнување шеќер и благи нешта, туку и разбирање на влијанието на секојдневната храна.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена