Поврзи се со нас

Вести

Советот ги отфрли решенијата на Таравари – кој е во право ќе одлучува Инспекторатот

Објавено

на

 

Мнозинството во гостиварскиот совет изгласа да се отфрлат решенијата за оспорување на одлуките за формирање на Верификационата комисија и за избор на претседател на Советот, што ги донесе градоначалникот Арбен Таравари. Претседателот Насир Муслиу од ДУИ рече дека иако решенијата биле донесени со задоцнување, како Совет имаат обврска да ги стават на дневен ред.

Таравари повтори дека изборот е направен со притисоци, но и дека тие не можат ништо со сила да сменат туку ќе го почитуваат мнозинството од 16 гласа.

„Замислете, денес претседателот на Совет го носат со полициски возила, а ние ниту некому сме се заканиле, ниту сме им рекле нешто. Под диктат на СДСМ, успејаа да направат мнозинство од 16 советници и ние со сила не можеме да го смениме тоа, па ќе го почитуваме, бидејќи тоа е мнозинство.  Во меѓувреме, за законитоста на изборот на претседател на Советот, покрената е постапка во Инспекторатот за локална самоуправа“, изјави градоначалникот коментирајќи го и неприфаќањето на предлогот за распределба на средства во буџетот за вработените во училиштата, како лош потег на мнозинството на штета на наставниците и професорите.

И денешната втора седница на Советот мина со паузи за координација, објаснувања и контрирање меѓу политичките противници. Советниците најпрво влегоа во дискусии околу записникот од минатата седница за кој беше констатирано дека има повеќе технички грешки, поради што не беше усвоен. Потоа, советниците се надмудруваа дали без усвоен записник има логика да се продолжува со седницата. Алијанса, БЕСА и ВМРО предлагаа да се прекине, за разлика од партиите во мнозинството кои одлучија седницата да продолжи.

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена