Гостивар
Советот на Гостивар едногласно го усвои буџетот за 2020 година
Буџетот на Општина Гостивар за 2020-та година ќе изнесува околу 18,5 милиони евра. Клучниот финансиски документ на локалната самоуправа денес беше изгласан од Советот. Споредено со годинешниот, буџетот за догодина има пораст за 11%.
За капитални инвестиции во буџетот ќе се издвојат над 3 милиони евра. Во овој дел се предвидени изградба и реконструкции на локални патишта и улици во градот и низ селата, канализациони системи, водоводи и друго.
За поддршка и развој на спортот, следната година определени се 9 милиони денари, за култура 3 милиони, додека за заштита на животната средина 3,6 милиони денари.
За плати и надоместоци ќе се издвојат 690 милиони денари, од кои најмногу за образование и градиники (над 88%), а потоа за општинска администрација и противпожарната служба.
Во дебатата за буџетот имаше спротивставувања меѓу градоначалникот и опозициските советници за кои ќе информираме дополнително.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди