Поврзи се со нас

Гостивар

Советот на Гостивар ги изгласа предлозите за членови на УО на ЈП „Русино“

Објавено

на

Гајур Изаири, Дритон Саити и Насир Хасипи ќе бидат претставници на Гостивар во Управниот одбор на регионалното претпријатие за управување со отпадот во Полог „Русино“. Општинскиот Совет на денешната седница, со 17 гласа „за“, ја усвои одлуката тие да бидат предлог за членови на Управниот одбор на претпријатието.

Гостивар беше последната општина во Полог, која ја немаше завршено обврската за избор на членови на УО, што беше сопирачка за старт на работа на претпријатието. Со денешното усвојување се создаваат услови, новоформираното претпријатие да започне да функционира.

Претпријатието се формираше во склоп на проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Региони, што го финансира Швајцарскиот секретаријат за економски прашања.

Од друга страна, се‘ уште не се собрани потписите од градоначалниците на сите полошки општини за ревидираниот План за управување со отпад, со што се предвидува да се најде друга локација за регионална депонија во период од 5 години. Договор за ревидирање беше постигнат пред околу еден месец, на заедничка средба на граѓанската иницијатива Стоп Русино, министерот за екологија Насер Нуредини и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Од иницијативата Стоп Русино очекуваат поголем ангажман од локалната власт и од советниците што поскоро да се обезбедат потписите, како гаранција дека Русино ќе биде затворено за 5 години.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена