Поврзи се со нас

Гостивар

Советот на Гостивар усвои Стратегија за поддршка на мали и средни фирми: Грантови, инкубатор за бизниси, саеми…

Објавено

на

    Со посебни мерки и активности Општина Гостивар планира да ги поддржи малите и средни претпријатија на своја територија и да го поттикнува претприемништвото. Тие се предвидени во Стратегија за 2025-та година, која беше усвоена на денешната седница на општинскиот Совет.

    „Преку оваа Стратегија имаме за цел поддршка на бизнис секторот, поттикнување на развојот на малите и средни претпријатија, развој на туризмот, подобрување на инфраструктурата и другите услови за трговија, заштита на потрошувачите. Планирано е организирање обуки, форуми, саеми, културни фестивали, доделување грантови, отворање инкубатор за бизнис, поддршка на угостителски објекти, земјоделството и занаетчиството.“, нагласи Мерсел Незири од локалната самоуправа.

    Од опозициската ДУИ стигнаа забелешки за Стратегијата.

    „Стратегијата ви е на три листа, да сте го прашале ChatGPT ќе излегло подобро. Би било добро содржината да е поквалитетно изработена. Ако ние како Совет не произведеме нешто квалитетно, што да очекуваме од другите. Стратегијата е за мали и средни претпријатија, а во Гостивар има само 2 претпријатија кои ги исполнуваат нормите на Стопанска комора да спаѓаат во средни, односно имаат до 250 вработени. Повеќето се микро претпријатија кои имаат до 10 работници и дел меѓу мирко и мали од 10 до 50. Странските инвеститори треба да знаат дека во нашиот град економијата се базира на микро и мали претпријатија“, рече меѓу другото во своето излагање советникот од ДУИ, Лек Далипи.

    Советничката Себаете Зенку од истата партија забележа дека Стратегијата повеќе личи на желби, отколку на реалност. Според неа наместо земјоделство, како што стои во документот, треба да се наведе сточарството со образложение дека Гостивар повеќе има услови за развој на сточарство. На тоа, претседателот на Советот, Намик Дурмиши рече дека под „земјоделие“ се мисли и на сточарството и дека и тоа ќе биде опфатено.

    На седницата беа усвоени и повеќе одлуки врзани со работата и функционирањето на градинките во Гостивар, како и точки од урбанизмот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 9 часа

    Потврдени 2 случаи на мајмунски сипаници во Македонија

    Технологијапред 12 часа

    Зошто сè повеќе гледаме два уреди истовремено и како тоа влијае врз нашето здравје

    Македонијапред 13 часа

    Николоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво

    Македонијапред 17 часа

    За случајот „Онкологија“ обвинети двајца екс директори и четворица лекари

    Македонијапред 18 часа

    Просечната плата во март 44.763 денари, објави ДЗС

    Гостиварпред 20 часа

    Огнен Аќимоски од Гостивар освои 1 место на државниот натпревар по географија со максимални 100 поени

    Гостиварпред 22 часа

    Економското училиште во Гостивар ги промовираше образовните насоки – По 3.500 денари стипендија месечно за секој ученик

    Светпред 23 часа

    Силен земјотрес во Грција, издадено предупредување за цунами

    Видео емисиипред 2 дена

    ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена