Советот за безбедност ќе и предложи на Владата да прогласи кризна состојба на територијата на целата држава во траење од 30 дена, информираше по завршувањето на состанокот на Советот, претседателот Стево Пендаровски. Во услови на кризна состојба, државата добива надлежност да управува со ресурсите на државната управа, јавните претпријатија, на општините и градот Скопје, вклучувајќи ги и приватните здравствени установи.
„Имаше многу шпекулации, да појасниме дека тоа не значи национализација, ниту нешто надвор од законските рамки. За сите услуги кои ќе се добиваат во приватните здравствени установи, тие ќе имаат компензација соодветно на законот, а државата ќе се јави само во улога на менаџер.“, рече претседателот.
Премиерот Зоран Заев изјави дека Владата вечерва или најдоцна утревечер ќе одржи седница и ќе донесе одлука за кризна состојба.
На седницата, покрај редовните членови на Советот, по покана на Пендаровски присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче.
„Периодот е критичен и со оваа динамина на дијагностицирање новозаразени, очекуваме да продолжи критичен период. Ќе има потреба од дополнителни болнички капацитети, тоа се случува во цел регион, има огромен пораст иако некаде има и порестриктинви мерки. Сите ресурси ќе ги земеме предвид и за целото тоа менаџирање ќе бидат одговорни државните јавни институции“, рече Филипче.