Вести
СП 2017: Лино Червар – “Мора да бидеме помудри и поборбени од словенците”
По двете стартни победи, следуваат дуелите со трите европски репрезентации во рамките од Б групата. Денес македонската репрезентација за противник ја има репрезентацијата на Словенија За пласман во следната фаза е потребно да се освои барем еден бод на следните натпревари. Шанса за осминафинале имавме и вчера, но дуелот меѓу Исланд и Тунис заврши без победник 22:22, па двете селекции пред се Тунис останаа со шанса за осминафиналето бидејќи и двете до крајот ќе играат против Ангола.
– Словенија има одличен стратег на клупата. Би бил смешен ако кажам дека не го почитувам. Тој е и играчка и тренерска легенда и со него Словенија се крена и игра подобро. Но, ние не одиме да се предадеме, туку да се бориме до последен момент. Словенија не е физички импозантна екипа. Имаат еден-двајца високи и снажни играчи, но се исклучително добро тактикчки и технички подготвени. Нив им нефостигаат четири одлични плејмејкери, а сепак, имаат двајца играчи, Безјак и Зарабец кои им ја организираат целата игра и се одлични органзатори.
Ние прво мораме да бидеме поборбени од нив, што автоматски значи дека и нашата одбрана ќе биде подобра. Тоа пак води кон спречување на нивната транзиција. Мораме да бидеме мудри, да работиме максимално внимателно, затоа што грешки против ваков противник скапо се плаќаат. – изјави Червар.
Дуелот Македонија – Словенија се игра денес од 17:45 часот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди