Поврзи се со нас

Вести

СП 2017: Плаши се, Норвешка.. Македонија оди на победа!

Објавено

на

Денес (21.01.2017) сабота е голем ден за Македонскиот ракомет, може да биде и најголем до сега. “Црвено-жолтите” на 25-тото Светско првенство кое се одржува во Франција, ја имаат честа да ја отворат серијата осминафинални натпревари, откако за официјален термин беше утврден 16 часот.

За противник ја имаме репрезентацијата на Норвешка која заврши како второпласирана од групата А. Во групата успеа да ги победи Полска, Русија, Бразил и Јапонија единствено загуби од Франција. Резултатите само потврдуваат каков противник имаме во наредната битка каде нема право на грешка. Поразениот си оди дома.

Но, Норвешка и не е непобедлива. Македонија досега има шест меча против Норвешка, две победи, едно реми и три порази. Свежи се спомените од последното Европско во Полска, Норвешка се спасуваше во последните секунди, натпреварот заврши (31-31), Кире Лазаров постигна 11 голови.

Денес е нов натпревар. Македонија игра за историски успех, после многу години имаме победнички дух, препознатлива игра и селектор кој си ја знае работата и сака пиво. Скромни како секогаш репрезентативците, спортски се надеваат на успех но одмерени во своите изјави. Дефинитивно без Дејан Манасков кој е повреден и нема да може да им помогне на соиграчите.

Еуфоријата си го прави своето, почетокот на натпреварот се наближува, сепак сме “газеле” и појаки репрезентации од Норвешка. Навиваме, ракометарите да ја израдуваат Македонија!

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена